1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се‘ уште непознати причините за несреќата

Министерот за одбрана на Бразил објави дека металните делови пронајдени на површината на Атлантикот се остатоци од авионот Ербас А 330-200 на авиокомпанијата „Ер Франс“, којшто исчезна на летот Рио де Жанеиро-Париз.

default

Прво испливаа поединечни метални делови, а потоа површината на морето се претвори во вистинско поле со остатоци. Владата на Бразил, вчеравечер, потврди дека станува збор за остатоци од исчезнатиот авион на компанијата „Ер Франс“. Министерот за одбрана на Бразил, Нелсон Жобим, потврди дека е најдено местото каде што се урнал Ербасот А330 - 200. Преживеани нема.

Nelson Jobim Brasilien Flugzeugabsturz Air France

Бразилскиот министер за одбрана, Нелсон Жобим

„Остатоците од авионот во Атлантикот се распространети на површина од пет километри. Металните делови, каблите, седишта и спасувачките елечиња беа лоцирани од воздух.“

Остатоците пронајдени во Атлантикот се делови на исчезнатиот Ербас А330 - 200, потврди денеска и раководството на француската армија. Портпаролот на Генералштабот соопшти дека врз основа на опсервацијата од страна на францускиот авион во истрагата, не може да се извлече никаков поинаков заклучок.

Денеска попладне Франција ќе им оддаде почит на жртвите во париската катедрала Нотр Дам, каде се очекува да присуствува и францускиот претседател Никола Саркози.

Бразил прогласи тридневна жалост

Местото на несреќата се наоѓа на средина на јужниот Атлантик, на речиси иста оддалеченост од бразилскиот и брегот на Африка. На ова место, океанот е длабок до четири илјади метри. Пронаоѓањето на црните кутии ќе биде тешко, смета министерот за одбрана: „Да се лоцираат црните кутии во длабочините на Атлантикот е се’ друго освен едноставно. Освен ова, се води трка со времето, бидејќи црните кутии испраќаат сигнали 30 денови.“

Потрагата е интензивна

Бразилските безбедносни сили ја водат истрагата околу авионската несреќа. Во потрагата се вклучени десет авиони и пет бродови. Во операцијата се вклучени и други земји. Франција, во зоната на несреќата испрати

Brasilien Frankreich Airbus Absturz Verwandte

Роднините на патниците во авионот се очајни

специјален брод опремен со роботи кои можат да се спуштат до длабочина до шест илјади метри. Местото на несреќата го надлетува и специјален авион на американските воздухополовни сили. Уште од вчера, во регионот на несреќата, во Атлантикот, се наоѓаат три трговски бродови.

Во меѓувреме продолжува и дискусијата на експертите околу можните причини за уривањето на Ербасот А330. Хипотезата, дека гром е причина за уривањето, наидува на скепса и кај стручњаците во Бразил. Но, нема нови сознанија. При прелетувањето на зона на невреме над Атлантикот, авионот на „Ер Франс“ испрати автоматски сигнал дека постои проблем со снабдувањето со енергија и притисокот во кабината.


Автор: Улрих Ахерман / Кристоф Вес / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска