1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Се уште нема решение за кризата во Украина

Во борбата за превласт во Украина меѓу претседателот и премиерот нема знаци на приближување на ставовите. Прозападно ориентираниот претседател Виктор Јушченко стои на одлуката за предвремени парламентарни избори. Ова е одговор на обидот на премиерот Виктор Јанукович да му ја преземе власта. Јушченко го одби барањето на неговиот противник, заедно со парламентарните да се одржат и предвремени претседателски избори. Тој го одби и предлогот за меѓународно посредништво во решавањето на внатрешната криза во земјата.