1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се’ уште нема одлука околу новиот генерален секретар на НАТО

Спорот околу изборот на нов генерален секретар на НАТО го засени 60. јубилеен самит на НАТО. Турција се противи Данецот Андерес Фог Расмусен да биде наследник на Јаaп де Хоп Шефер. Самитот е придружаван од демонстрации.

default

Баден-Баден

Данскиот премиер Андерс Фог Расмусен синоќа требаше официјално да биде назначен за наследник на генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер. Но, преговорите продолжуваат денеска во Стразбур, соопшти портпаролот на НАТО, Џејмс Апатурај. За именување на шефот на НАТО потребна е согласност на сите 28 партнери во сојузот.

Турција се противи

Nato-Gipfel in Baden-Baden

Домаќините со кандидатот за генерален секретар на НАТО

Задршки за именувањето на Расмусен има Турција. Како причина се наведува, објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во дански весник во 2005 година. Турција има забелешки на тогашната реакција на Расмусен. Освен ова Анкара на данскиот премиер му префрлува дека не преземал никави мерки за затворање на едена курдска телевизиска станица, која емитува програма од Данска. Од американски дипломатски кругови се дознава дека и САД само половично се согласни со кандидатурата на Расмусен. Од европските држави напротив, Данецот добива целосна поддршка.

Наскоро нова стратегија за НАТО

По синоќешната вечера во Баден-Баден шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО сепак може да се пофалат со успех; учесниците дадоа зелено светло да се изработи нова стратегија за сојузот. Станува збор за актуализирање на стратегијата од 1999 година, рече портпаролот на НАТО, Апатурај. Во досегашниот концепт не беа предвидени ангажмани како на пример против пирати или компјутерски напади.

Тесна соработка со Русија

Сигнал на добра воља НАТО испрати и кон Русија. Учесник на самитот објави дека постои расположение за тесна соработка со раководството во Москва. Изминатата година беа затегнати односите меѓу Северно-атлантската алијанса и Русија, поради ситуацијата во Грузија. НАТО неодамна донесе одлука да се обноват замрзнатите односи.


Вториот ден на НАТО самитот денеска почна со свечена церемонија на мостот на Рајна меѓу германскиот град Кел и францускиот Стразбур. Со овој симбиоличен гест, на 60 годишнината од постоењето на НАТО се прославува и враќањето на Франција во командните структури на воениот сојуз. По церемонијата на состанокот во Стразбур централна тема ќе биде стратегијата за Авганистан поднесена од страна на САД.

Demonstration in Strassburg gegen Nato

Демонстрации во Стразбур

НАТО самитот е придружуван од големи демонстрации на противниците на Северно-атлантската алијанса. Утрово полицијата во Стразбур веќе употреби солзавец за да растера околу стотина демонстранти кои се обидуваа да ги блокираат улиците до конгресниот центар во градот.

Автор: АТ / ДВ