1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Се уште неизвесен кандидатскиот статус на Македонија

Шефовите на дипломатиите на ЕУ вчера во Брисел не постигнаа договор околу доделувањето на кандидатски статус на Македонија и таа одлука им ја препуштија на членовите на Европскиот Совет, кои в четврток и петок ќе се сретнат на самит во европската претстолнина.

Џек Стро

Џек Стро

Кочничарот беше Франција, која се противи на проширувањето на ЕУ се додека не се решат проблемите со европскиот буџет.Но, политичките набљудувачи сепак сметаат дека постојат шанси Македонија на самитот да стане земја кандидат за членство во ЕУ.

,, Нема целосен консензус околу ова прашање и затоа тоа ќе се разгледува на самитот на Европскиот совет,, појасни вчера британскиот шеф на дипломатијата Џек Стро, чија земја претседава со Унијата. И покрај препораките на еврокомисијата, францускиот министер за надворешни работи Филип Дуст Блази вчера се изјасни против кандидатскиот статус на Македонија во овој момернт.

,, Мислам дека тоа не е најумно решение, рече Блази,, образложувајќи дека Унијата најпрво треба да го реши проблемот со буџетот, а потоа да размислува за нови членки.

Еврокомесарот за проширување Оли Рен, кој во ноември го пренесе ставот на Комисијата дека Македонија е успешна приказна и дека токму поради постигнатипот напредок треба да стане земја кандидат, вчера уште еднаш ги повтори таквите заложби.

,, Предлогот се темели на објективна проценка врз основа на имплементацијата на Охридскиот договор, кој ги унапреди политичката стабилност и економскиот развој во земјата. Предлагаме кандидатски статус за Македонија, но не и пристапни преговори, бидејќи земјата за тоа се уште не е подготвена, рече Рен.

,, Треба да се осигура изборниот процес и да се покаже дека наредните парламентарни избори во земјата ќе бидат фер и демократски“ рече еврокомесарот нагласувајќи дека наредните неколку години Комисијата ќе го проценува постигнатиот напредок во Македонија.

Британскиот шеф на дипломатијата Стро, прашан зошто не е постигнат договор околу кандидатскиот статус на земјата, рече:

,, Постоеше мошне конструктивна дискусија за Македонија и сите членки признаа дека таа направила напредок и изразија надеж дека нема да отстапи од членството кон ЕУ. Но поставени се прашања околу капацитетот на Унијата и брзината. Ние правиме се што можеме, но им оставивме едно или две прашања на шефовите на држави и влади, ко се состануваат в четврток и петок. Едно е прашањето за финансирањето на Унијата, другото е за кандидатскиот статус на Македонија. Станува збор за прашања кои предизвикаа загриженост кај некои од земјите членки.

Од дипломатски кругови во Брисел, се дознава дека Франција во текот на расправата предложила за кандидатскиот статус на македонија да се ослучува наредната година, за време на австриското претседателство со Унијата.

Евроминистрите за надворешни работи вчера го претставија и документот околу улогата на ЕУ во процесот на решавање на косовскиот статус и се согласија во силната поддршка кон специјалниот пратеник на ОН Марти Ахртисари.

Што се однесува до Хрватска, за прв пат министрите за надворешни пработи не споменаа ниту збор за соработката на земјата со Хашкиот Трибунал. Само Стро забележа дека од огромна важност била соработката меѓу обвинителствата на Хрватска и Шпанија во апсењето и приведувањето на поранешниот Хрватски генерал обвинет за воени злосторства Анте Готовина.