1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Се уште напната ситуацијата во Пакистан

*

Пакистанските сили за безбедност денеска го зголемија притисокот врз забарикадираните исламисти во Црвената џамија во Исламабад. Кон џамијата се упатени оклопни транспортери кои се‘ уште не презеле офанзива. Претходно армиските специјалци кренаа во воздух една од портите кон џамијата. Вториот човек на Црвената џамија, Абдул Рашид Гази и понатаму го одбива барањето на пакистанската влада за безусловна капитулација на забарикадираните ученици во коранското училиште. Не се знае уште колку лица се останати внатре, бидејќи над 1200 веќе се предадоа.