1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се‘ уште без нов мировен план за Сирија

По прашањето за конфликтот во Сирија, на сцена повторно е меѓународната дипломатија. Кратко пред почетокот на генералната дебата во ОН во Њујорк на маса се’ уште нема предлози за надминување на судирот.

Очекувањата од Лакдар Брахими се високи. Новиот специјален пратеник на ОН треба да ги обнови закочените мировни напори за Сирија. Но, за тоа му е потребно повеќе време. „Се’ уште немам готов план“, изјави Брахими по неформалните советувања во Советот за безбедност на ОН во Њујорк. Со драматични зборови 78 годишниот дипломат ги пренел свите впечатоци од патувањето во регионот. „Ситуацијата во Сирија е многу, многу мрачна“.

Планот на Анан како база

Како би изгледала новата иницијатива, пред денешното отворање на генералната дебата во ОН е отворено. Во основа важи и натаму планот со шест точки на претходникот на Брахими, Кофи Анан, нагласи германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле. Самиот Брахими изјави дека планот во шест точки е „дел од неговите размислувања“.

Vereinte Nationen Generalversammlung Guido Westerwelle

Гидо Вестервеле

Основа на овој план беше положување на оружјето и дијалог меѓу владата и опозицијата под надзор на ОН. Во август Кофи Анан го отстапи местото шеф на посредувачката мисија, меѓу другото и поради недоволна поддршка од Советот за безбедност на ОН. Во највисокото тело на Светската организација досега пропаднаа три нацрт резолуции, кои требаше да извршат притисок врз сирискиот претседател Башар ел Асад. Кина и Русија вложија вето.

За наследникот на Анан, Брахими, појдовната ситуација е тешка. „За успех му е потребна јасна и недвосмислена поддршка од меѓународната заедница и пред се’ од Советот за безбедност“, вели шефот на германската дипломатија и дополнува:

„Уверени сме дека блокадата поради неединството на Советот за безбедност не е во прилог на луѓето ниту во Сирија, ниту во бегалските кампови во соседните земји, но нема да се откажеме. Тоа им го должиме на луѓето“, изјави Вестервеле, кој пробив не очекува.