Се урна хеликоптер во центарот на Лондон | Свет | DW | 16.01.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се урна хеликоптер во центарот на Лондон

При падот на хеликоптерот во центарот на Лондон во близина на железничката станица Воксхол загинаа две лица. Нема знаци за терористичка заднина, а несреќата е во близина на централата на МИ6.

Според првичните информации на Скотланд Јард, загинатите се веројатно екипаж на хеликоптерот. Двајца повредени се пренесени во болница. Експертите претпоставуваат дека во несреќата улога одиграла лошата видливост.

Падот се случи денеска (16.01) во утринскиот временски шпиц во близина на железничката станица Воксхол. Железничката станица и околните сообраќајници во меѓувреме се блокирани, а некои од куќите се евакуирани. Според полицијата, хеликоптерот удрил во кран за изградба на висококатници, поставен покрај градилиште на јужниот брег на Темза.

Засега нема никакви знаци за терористичка заднина. Во близина на местото на несреќата се наоѓа централаната на британската разузнавачка служба МИ6.

По судирот на хеликоптерот во кранот над местото се подигнал висок облак црн чад, а автомобилите во близината се запалиле. Очевидци сведочат за експлозивен удар и потрес сличен на земјотрес. Луѓето во паника бегале од местото на несреќата.