1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се урна руски авион

Најмалку 43 лица загинаа откако попладнево во близина на градот Јарославл на западот на Русија се урна руски авион, во кој се превезувале членови на локален хокеарски тим.

default

Спасувачките екипи работат на местото на несреќата во градот Јарославл

Руските служби за спасување соопштуваат дека едно лице ја преживеало несреќата, но се наоѓа во тешка здравствена состојба.

Авионот од типот „Јак-42“ се урнал веднаш по полетувањето од пистата во Јарослав, при што наводно се распаднал на два дела. Причините засега не се познати, иако соработник на аредромор во Јарославл тврдеше дека авионот поткачил некоја антена при полетувањето.

Во него се наоѓале 37 патници и 8 членови на екипажот. Во леталото се превезувале играчите на тимот трикратниот руски победник „Локомотив“, кои патувале кон Минск во Белорусија на натпревар од континенталната хокеарска лига. Меѓу патниците најверојатно се наоѓал и германскиот професионалец, Роберт Дитрих, кој инаку игра и во германската хокеарска репрезентација. Тој токму летоска се согласил на трансфер за престижниот руски клуб. За сега нема официјална потврда дали и тој се наоѓал во авионот.

Рускиот претседател Дмитри Медведев изрази сочувство за жртвите и нареди детална истрага за несреќата.

Автор: БГ/афп

Редактор: Горан Чутаноски