1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се урна мост во САД, нема жртви

При уривањето на мост во американската сојузна држава Вашингтон во реката Скејгит паднаа повеќе возила. Но, притоа нема жртви, сите луѓе се спасени.

Мостот кој го поврзува Сиjетл во САД со Канада и со северозападниот пацифички регион се урна и во реката паднаа неколку возила и луѓе, соопшти портпаролот на сојузната држава Вашингтон.

Властите истакнаа дека во инцидентот никој не загина и оти три лица се спасени и се хоспитализирани.

Се‘ уште не е позната причината за уривање на мостот стар 50 години. Министерството за сообраќај на државата Вашингтон соопшти дека ја истражува можноста причината за уривањето на мостот да била претовареноста на еден камион. Возач, кој поминал преку мостот непосредно пред уривањето, тврди дека почувствувал вибрација. Кога погледнал во ретровизорот, видел дека делот од мостот веќе го нема.

Американското здружение на цивилни инженери наведе дека повеќе од една четвртина од вкупно 7.840 мостови во државата Вашингтон структурно се неадекватни или функционално застарени.