1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Се урна македонски хеликоптер - нема преживеани

*

Хеликоптер на Армијата на Македонија во кој имало 11 војници се урна во близина на Скопје. Никој не ја преживеал несреќата.

Транспортниот хеликоптер Ми 17, кој пренесувал војници што се враќале од мисијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина, се урнал на 50 метри од куќи во селото Блаце кај Катланово и се запалил. Во меѓувреме веста за несреќата е потврдена и од Министерството за одбрана на Република Македонија. Местото на несреќата го посетија премиерот Никола Груевски и министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Попладнево владата одржува итна седница.