1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Се урна кениски авион

Кениски патнички авион на компанијата Кенија Ервејс со 115 патници исчезна од радарите. Според камерунското радио, авионот се урнал на југот од Камерун. Последните информации кои не се потврдени говорат за тоа дека трупот на авионот е пронајден.

default

Авионот летал од Камерун за Кенија. Раководителот на Кенија Ервејс, Титус Наикуни, денеска изјави:

”Исчезнатиот авион тргнал од Дуала пет минути по полноќ, според локално време. Во Најроби требало да пристигне во 6 часот и 15 минути. За несреќа, авионот не пристигна. Последната порака од екипажот што ја примила контролата на летање била веднаш по тргнувањето од аеродромот во Дуала, а потоа врската се изгубила. ”

Државното камерунско радио јави дека авионот се урнал кај местото Ниете, во Јужен Камерун, кое е оддалечено околу 200 километри од Дуала. Во авионот Боинг 737 имало106 патници и девет членови на екипажот од 23 земји. Авионот е стар само половина година, а станува збор за серијата Боинзи од најновата генерација, кои можат да превезуваат 189 патници. Авионот, според надлежните, немал никакви технички проблеми. Регионот каде што се претпоставува дека се наоѓа леталото, или остатоците од него, се пребарува со хеликоптери.