1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се урна индонезиски авион

Транспортен авион на индонезиската армија денеска (20.05.2009) се урна на исток на Јава и притоа загинаа стотина лица. Авионот од типот Ц-130 Херкулес се урнал во селото Геплак, на само седум километри пред целта.

default

Пламени јазици на местото каде што се урна авионот

Меѓу 99-те патници во авионот, како што соопшти портпарол на индонезиската армија имало и најмалку десет деца. Авионот имал редовен лет од Џакарта кон воздухопловната база Исвахиди и пренесувал припадници на армијата и нивни семејства. Авионот бил во добра состојба, а и временските прилики биле добри. Несреќата се случила при спуштање на леталото. Авионот се запалил. Шефот на една од управите во општината Магетан, на чија граница се случи несреќата, изјави дека трупот на авионот, задниот дел, долг околу 15 метри, е останат во парче, а остатокот на леталото е распарчен и

Flugzeugabsturz Indonesien

Спасувачките екипи работат забрзано

изгорен. Очевидци, цитирани од агенцијата Ројтерс, тврдат дека авионот во текот на спуштањето се наведнал нанапред и дека од него почнале да паѓаат делови, како шрафови и други помали делови. Дел од очевидците трвдат дека при падот на авионот паднало и едното крило. Потоа леталото се урнало врз две куќи во селото Геплак.

Безбедноста во индонезиското воздухопловство не е задоволителна. Во текот на изминатите години постојано се случуваа несреќи на цивилни и воени авиони, во кои загинаа повеќе од 120 луѓе. ЕУ им забрани на индонезиските авиокомпании да го користат воздушниот простор на членките на ЕУ.

Автор: ЕМФ/ројтерс/ап

Редактор: Жана Ацеска