1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се тресеше гората, се роди глушец!

Средбата за клима на ОН одржана во Њујорк донесе мал напредок во борбата против затоплувањето на климата. Шефовите на држави и влади потврдија-нивните земји сакаат да ja намалат емисијата на ЦО2 во атмосферата, но...

default

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун на крајот на денот беше задоволен. Дебатата за климата, според Бан, сега е високо на агендата на ОН. Шансите за фер, ефективен и амбициозен Договор од Копенхаген кој треба да го замени Протоколот од Кјото, се зголемени, вели генералниот секретар на ОН. Но, дотаму треба да се изоди уште долг пат: „Денес го постигнавме она што си го зацртавме - го свртевме вниманието на шефовите на држави и влади врз неопходноста од дејствување“, рече Бан.

Ban Ki Moon auf Klimakonferenz bei den UN

Бан Ки Мун е задоволен

Баз ангажман на највисокот ниво не е можен пробив на самитот вo Копенхаген. Затоа, францускиот претседател Никола Саркози побара одржување уште една средба со неговите колеги пред самитот во декември. Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен, пак, ги покани шефовите на држави и влади на светскиот самит за климата во Копенхаген за она што е планирано како средба на министри, сепак, да биде самит на највисоко ниво.

За Хатојама „аплаузи бура“

Најголемиот аплауз, сепак, го собра јапонскиот премиер Јукио Хатојама.

Yukio Hatoyama auf Klimakonferenz bei den UN

Јукио Хатојама беше еден од ретките што нешто ветија

Тој не само што вети финансиска и техничка поддршка на земјите во развој, туку...„Јапонија, во среднорочните цели ја има и целта за намалување на штетните издувни гасови за 25% до 2020 година, во споредба со состојбата во 1990-та. “

Американскиот претседател, Барак Обама, во Њујорк повика на тоа човештвото сериозно да ја сфати заканата од промената на климата. Ако не се одлучиме да дејствуваме брзо и заеднички, ризикуваме идните генерации да ги изложиме на катастрофа, рече Обама: „Времето што го имаме за да го промениме актуелниот тренд истекува. Сепак, можеме да го сториме тоа. Џон Кенеди еднаш рече дека нашите проблеми ги создава човекот. Затоа нив мора и да ги реши човекот.“

Обама ги пофали напорите што ги презема неговата влада во

Barack Obama auf Klimakonferenz bei den UN

Обама вели: проблемите ги создава човекот и тој треба и да ги реши

заштитата на климата, но не даде нов предлог за преговорите околу меѓународен договор за заштита на климата.

Ху Џинтао не сака притисок

Кинескиот претседател, Ху Џинтао на собирот во Њујорк рече дека неговата земја сака да ги поврзе намалувањето на испуштањето на ЦО2 во атмосферата со економскиот развој. Кина е подготвена за секој долар од брутодомашниот производ до 2020 година да даде голем придонес за заштита на климата. Конкретни бројки Ху Џинтао не наведе, но рече дека Кина сака да продолжи со мерките на заштеда на енергија и да развива економија која внимава на заштитата на животната средина. Според кинескиот претседател, земјите во забрзан подем не треба да бидат притискани да преземаат обврски кои не одговараат на степенот на нивниот економски развој, и кои ги надминуваат нивната одговорност и способности.

Обама и Ху, по средбата во Њујорк, планираат билатерална средба за да разговараат за климата. Двете земји, заедно, продуцираат повеќе од 40% од вкупните количества издувни гасови во светот.

Габриел бара повеќе од Обама

Германскиот министер за екологија, Зигмар Габриел оцени дека говорот на американскиот претседател не ги исполни очекувањата.

„Ако се има разбирање поради постапките на претходната влада, тогаш администрацијата на Обама мора да ни‘ каже што ќе прави до 2030 година“, вели Габриел.

Според него, и Германија треба да направи уште за да ја достигне целта - до 2020 година да ја намали емисијата на штетни издувни гасови за 40%: „Пред се‘ мораме да го развиеме користењето обновливи енергии. Денес, 15 до 16 проценти од пазарот на струја ја чини струјата добиена од ветер, сонце, биомаса, геотермија...Тој процент до 2020 година треба да изнесува 30%.“

Автор: Кристина Бергман/дв/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска