1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се стравува од стотици загинати во земјотрес во Иран

Земјотрес со интензитет од осум степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Иран. Властите во регионот на потресот стравуваат дека има стотици загинати.

Потресот се случил во близината на границата со Пакистан во 10:44 часот според Гринич. Епицентарот бил на 80 километри од иранскиот град Каш, на длабочина од 120 километри, соопшти американскиот Геофизички институт. Властите во регионот на земјотресот стравуваат дека има стотици загинати. Треба да бидеме подготвени на голема бројка на жртви, соопшти претставник на властите. Иранската телевизија јавува за 40 загинати.

Земјотресот е почувствуван и во регионот на Персискиот Залив и во главниот град на Индија, Њу Делхи.

Пред една недела во Иран се случи земјотрес со сила од 6,3 степени според Рихтер, во кој загинаа околу 40 лица (на фотографијата). Епицентарот се наоѓаше во близина на единствената иранска нуклеарка, Бушер, која според тврдењата на иранските власти не била оштетена.