1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Се стега ли обрачот околу Блатер?

По објавувањето на огромните износи кои нелегално течеле кон некогашниот врв на светската фудбалска организација, повторно се поставува прашањето за улогата на актуелниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер.

Деновиве објавените детали од корупциската афера во кој е вклучен поранешниот врв на ФИФА, на насловните страници во светските медиуми се врати едно познато име: Јозеф Сеп Блатер. 76-годишниот Швајцарец, сепак, не се наоѓа во центарот на приказната за милионите евра кои по илегален пат легнувале на сметките на поранешниот претседател на ФИФА Жоао Авеланж и на неговиот зет Рикардо Тешеира, но малкумина веруваат дека Блатер, како тогашен генерален секретар на моќната фудбалска организација не знаел за овие матни работи. Но тој самиот повторно се претставува како чесен исклучок.

„Среќен сум поради пресудата на швајцарскиот суд која го потврдува она што секогаш сум го тврдел, а тоа е дека моето име никогаш не било на некаква листа“, порача Блатер.

Притоа, документите кои ги објави државното обвинителство во Швајцарија, и тоа по жесток притисок од медиумите, се се’ само не ослободителна пресуда за Блатер. Неговото име не се споменува, но во документите јасно се става до знаење дека „ФИФА знаела за корупцијата во нејзините органи“. Според извештаите, меѓу 1989 и 2001 година од пропадната маркетиншка компанија ИСММ/ИСЛ на сметка на ФИФА се слеале 160 милиони швајцарски франци. Од нив, добар дел заминале директно во рацете на тогашниот претседател и доживотен почесен претседател Авеланж и кај Тешеира.

Вообичаена пракса

Olympische Spiele London 2012

Жоао Авеланж и Рикардо Тешеира

Она што германските медиуми го нарекуваат еден од најголемите скандали во историјата на спортот, за Блатер е „некогашна вообичаен пракса“.

„Во тоа време ваквите трошоци дури можеа да се отпишат и од данок на име на бизнис трошоци. Денес ваквите пракси се нелегални. Јас не можев да знам за некакви деликти кои во тоа време воопшто не постоеле“, вели деновиве Блатер.

За разлика од водечките луѓе во германскиот фудбалски сојуз, германското биро на Транспаренси интернешнл е без „влакна на јазикот“:

„Се покажува дека одговорните во ФИФА со години се обидувале да ги прикријат овие парични трансфери наместо недвосмислено да ги разоткријат и да ги повикаат на одговорност сторителите“, вели Силвија Шенк од ТИ.

Дали и овојпат челникот на ФИФА ќе се извлече повикувајќи се на правни, а не на морални факти? Германските медиуми едногласно заклучуваат дека Блатер овојпат конечно се довел во ситуација во која е притиснат до ѕид и во која натамошни маневри не се можни.