1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Се’ се врти околу тутунот во Собранието и пред него

Тутунарите во Македонија протестираат пред Собранието, каде на седница се расправа за проблемите со откупот на тутунот. Тутунарите се незадоволни од цените на тутунот кои се нудат на откупните пунктови.

default

Зградата на Собранието на РМ

Покрај за цените на тутунот, производителите се незадоволни и од неговата проценка на откупните пунктови. Нивните барања се, цената да се движи во близина на ланската, односно околу 192 денари за килограм тутун. Тутунарите во петокот не постигнаа конкретен договор на средбата со пратеничките групи во Собранието, и најавија дека резултати за нивните барања очекуваат од денешната седница на Собранието посветена токму на проблемите со тутунот.

Mazedonien Land und Leute Tabak aus Mazedonien Prilep

Производител на тутун од прилепско

Откупени помалку од 10 проценти од годинешното производство на тутун

Пред Парламентот денеска стотици тутунари и други земјоделци одржуваат протест. Ќе го чекаат исходот од седницата. Нив им се придружија и стечајците од Куманово. Паралелно, во организација на Сојузот на земјоделските здруженија, се одржува протест и пред седиштето на СДСМ.

Претседателот на Штрајкувачкиот одбор Кире Неделковски рече дека побарал нивни претставници да ја следат седницата од собраниската сала, но досега не добил одговор. Неделковски најави дека производителите ќе останат пред Пралементот додека не се реши нивниот проблем.

Според тутунарите, од вкупното производство што годинава се проценува на околу 25.000 тони досега се откупени два милиони килограми или ниту 10 отсто.

Автор:СН/миа/макфакс

Редактор: Симе Недевски

DW.COM