1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Се сеќава ли некој на Коридорот Исток-Запад?

Пречка за македонско-италијанските бизнис релации е само инфраструктурата. Нема пат, ниту пруга. Спасот е во изградба на Коридорот 8, кој со години е заглавен во финансиската немоќ на земјите низ кои минува.

default

Инфраструктурата е основата за економските врски

Италијанскиот бизнис, кој препознава интерес за вложување во Македонија, се крсти во Коридорот 8. Можностите за интензивирање не економските релации се бројни, но голем проблем е поврзувањето, транспортот како на бизнисмените, така и на стоките. Летот од Рим или Бари до Скопје трае помалку од два часа, но директна авионска врска нема. Не постои ниту пруга, па превозот мора да се комбинира, брод па камион. Тоа ги поскапува, а уште повеќе ги забавува македонско-италијанските бизнис зделки. Неделава во Скопје престојуваат стотина италијански компании. Некои од нив повремено работат со Македонија, други имаат постојана комуникација. Оние кои дојдоа да стартуваат нов бизнис се уверија дека недостигот на инфраструктура го отежнува процесот. Масимо Лупис, проект менаџер на павиљон Италија, за Дојче веле објаснува:

„Вистинскиот проблем за развој на соработката помеѓу Италија и Македонија на економски план е пристапот, како да се дојде до Македонија. Решението е Коридорот 8. Сакаме економски развој, да ги поттурнеме фирмите од Италија кон Македонија и се надеваме дека Канцеларијата задолжена за Коридорот Исток-Запад, во соработка со македонските и албанските и бугарските власти ќе успее да го увери Брисел да му даде приоритет на овој коридор“.

Hauptbahnhof in Skopje von außen, Mazedonien

Македонија не е соодветно поврзана ни со пруга

„Преку овој коридор може да ги подобриме нашите економски релации. Кога станува збор за привлекување на италијанскиот капитал Албанија е во предност. Тоа е блискоста. Но секојдневно откриваме предности за инвестирање во Македонија“, вели Сатузек Бејкапана.

Договорите стојат во фиока

За изградба на Коридорот Исток-Запад се потпишани бројни декларации. Но состојбата на теренот покажува дека заложбите биле пуста желба, а потпишаните договори фаќаат прав во фиоките на политичарите. Транспортот од Албанија до Бугарија е вистински подвиг. Патот може да биде исклучително долг и компликуван. Нема пруга, ниту модерен автопатот. Пругата кон Бугарија во изминатите две децении беше предизборен адут на сите досегашни влади. Досега во овој проект се потрошени повеќе од 100 милиони долари. Инвестицијата пропаѓа. Од патната мрежа на овој транспортен коридор изграден е автопатот само од Гостивар преку Тетово и Скопје до Куманово. Коридорот 8 поврзува повеќе земји на југот од Европа. Италија, Албанија, Македонија, Бугарија.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска