1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Се роди нова Европска унија

Милиони луѓе во Европа синоќа го славеа историското проширување на Европската унија. Приемот на десетте нови членки симболично беше означено со подигнувањето на нивните знамиња во Даблин, во присуство на претседателите на држаи или влади на сега веќе 25-члената Унија.

Панорама од Даблин

Панорама од Даблин

Во седишето на ирската претседстелка Мери Мекалис, на прекрасно време во огромниот парк надвор од Даблин 25-темина претседатели на држави или влади го славеа раѓањето на новата Европска унија. Сега почнува нова епоха, рече претседателката на галски:

“Денеска на нашите деца им го даваме најголемиот подарок на ваквата Европска унија. Се надеваме дека вие и вашите деца утре од тоа ќе го направите најдоброто“.

Ирски ученици на присутните шефови на држави или влади им ги донесоа знамињата на земјите нови членки кои во придуружба на бетовеновата евро-химна за првпат беа закачени на јарбол.

Претседавачот на Унијата, ирискиот премиер Берти Ахерн како и повеќето негови колеги беше видливо возбуден. Европа конечно и неотповикливо ја надмина поделабата, рече Ахерн:

“Денеска, на 1 мај, славиме ние, демократските лидери на народите на Европа, ја славиме соработката на сите Европејци за мир, хармонија и поглем стандард“.

По денот на радоста доаѓа многу работа за Унијата. До јуни во вториот обид треба да биде усвоен првиот европски устав со јасни правила е поефикасни институции. Потоа треба да се избере нов претседател на Европската комисија. За оваа функција весникот “Фајненшел тајмс“ го уфрли британскиот евро-комесар Крис Патен. Решение треба да биде донесено по европските избори. Потоа на ред се преговорите за финансирањето по 2007 година. Ќе биде тешко, зашто нето плаќачите не скаат да се зголеми буџетот на Унијата. Во врска со надворешната политика Европејците во јуни ги очекува серија самити со американскиот претседател за курсот во Ирак и во Авганистан. Претседателот на Европската комисија Романо Проди, чиј мандат истекува во октомври, изјави дека Унијата сега не може да застане зашто проширувањето не е завршено:

“Комисијата препорача преговори за членство со Хрватска. Разговорите со Романија и Бугарија се скоро завршени, а за преговорите за членство на Турција треба да се реши кон крајот на годинава“.

Со новите соседи на Исток и Југ ЕУ има намера да најде нова надворешно-политичка основа, таканаречен “прстен на пријатели“, рече Проди.

Вчерашната свеченост беше придружена и со демонстрации на противниците на глобализацијата.

Беше гласно, но главно мирно. Пет илјади полицајци го чуваа денот на добредојдето, најголема полициска акција во историјата на Ирска.