1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Се распаѓа владината коалиција?

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, доби поддршка за одлуката да ја напушти владата од Централното претседателство на партијата во Тетово. Во македонската влада не коментираат за одлуката на коалициониот партнер

default

Груевски и Тачи при неодамнешна посета во џамија на Рамазан

Ова е тешка политичка криза за Македонија. Сите кои мислат дека ќе ја решаваат ситуацијата со евтина тактика, нема да можат и ќе се изгорат, упати синоќа оценка, критика или предупредување лидерот на ДПА Мендух Тачи. Во Тетово партискиот врв ја потврди неговата одлука за излегување од владата на Никола Груевски. Традиционалното коалиционерство меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДПА во изминатите десетина години, сега се раскинува.

Пораки по премиерот и ДУИ

Тачи им порача на прмиерот Груевски и на лидерот на ДУИ Али Ахмети ако можат да направат заедничка влада и да кажат што се договориле и дали тоа можат да го реализираат. Ахмети пак веќе го отфрли овој повик од Тачи. Лидерот на ДУИ кој вчера исто така беше на разговори со амбасадорите на САД и на ЕУ разврската на македонската владина криза но и на политичките состојби ја гледа во вонредни парламентарни избори, но само по самитот на НАТО во Букурешт. Тој смета дека сега е неопходен политички и етнички консензус за да се оствари НАТО членството и да не се испушти историската шанса.

Груевски молчи

Во владата владее молк. Премиерот Груевски ги игнорираше ултимативните шест барања од ДПА за таа да остане во владата, но и вчерашните изјави на Мендух Тачи за излегување од владината коалиција. Груевски инаку денеска патува во Брисел на средба со лидерите од десните евро партии. Третиот коалиционен партнер, Тито Петковски, кој исто така има забелешки на функционирањето на владата, повика на разум во пресрет на НАТО самитот. Тој рече дека партискиот став ќе го соопшти по официјалното изјаснување на ДПА.

Од Брисел и Вашингтон веднаш стигна реакција- Македонија е пред златна шанса да добие покана за членство во НАТО. Политичката стабилност е прв услов за прием во НАТО. Амбасадата на САД во Скопје ги повика лидерите на македонските политички партии енергијата да ја насочат кон самитот во Букурешт. Американската амбасадорка Џилијен Миловановиќ и амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере не успеаја да го разубедат Мендух Тачи дека не го одбил моментот за криза во владата и повлекување од кабинетот на премиерот Груевски.