1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Се проширува шумскиот пожар на Мајорка

Во Естељенс на западниот дел од шпанскиот остров Мајорка 700 лица мораа да ги напуштат своите домови и да се засолнат пред пожарот што беснее во регионот.

Шумскиот пожар кој веќе неколку дена гори во западниот дел на омилениот туристички остров на Средоземното море - Мајорка и натаму се шири. Во текот на ноќта е извршена евакуација на 700 жители на планинското село Естељенс, соопшти Серхи Торандел, шеф на локалната служба за вонредни ситуации.

Повредени нема, но огнот се заканува на областите со најскапи куќи на островот, истакна Торандел. Повеќе oд 350 пожарникари се справуваат со огнената стихија, поддржани од 24 противпожарни авиони и хеликоптери. Според наводи на властите на шпанскиот остров пожарот досега зафатил 1.600 хектари шума, меѓу местата Андрач и Естељенс на западниот дел од Mајорка.

Шпанските медиуми, повикувајќи се на властите, јавуваат дека ова е најсериозниот пожар што ја зафатил Мајорка во изминатите 20 години.