1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Се по старо само на највисоко ниво

Во Виена денеска се одржува првата средба на највисоките претставници на властите на Србија и на Косово на која се разговара за идниот статусот на Косово.Во уводините излагања на лидерите на Србија и на Косово , уште еднаш јасно беа истакнати дијаметрално спротивните позиции на двете страни околу прашањето за статусот.

Домаќинот на средбата во Виена , Марти Ахтисари

Домаќинот на средбата во Виена , Марти Ахтисари

Суштинска автономија од една и безусловна независност на Косово од другастрана . Со овие веќе познати ставови на Белград и на Приштина за решавање на статусот на Косово седнаа на преговарачката маса денеска во виенскиот замок Нидерестерајх , претседателот на Косово Фатмир Сејдиу и шефот на владата Агим Чеку од една и српскиот премиер Воислав Коштуница и претседателот Борис Тадиќ од другастрана .

Српскиот премиер Воислав Коштуница во своето излагање на средбата истакна дека Белград нема да прифати на 15 насто од територијата на Србија да се формира некоја друга држава . Тој ја повика делегацијата на Косово на компромис околу решението за идниот статус. Коштуница пред состанок можноста за компромис за опиша на следниов начин:

„Рамки за тој компримис постојат. Полесно е да се дојде до него бидејќи рамки постојат во определени правила значи ; меѓународното право , демократските стандарди . Решението треба да се бара во рамките на суштинската автономија. Коштуница во днеешното излагање ги повика косовските лидери суштинска автономија за покраината. Српскиот претседател Борис Тадиќ пак истакна дека очекува решение до кое би се дошло по демократски пат , дијалог и компромис и кое ви ги задоволило интересите на двете страни во преговори.

Тој во паузата за ручек , кој за лидерите од Белград и Приштина го организираше специјалниот пратеник на Он , Марти Ахтисари се пожали дека делегацијата на косовските Албанци не покажува подготвеност за преговори .

„Од Албанците не слушнавме никакви поединости , освен ултимативното барање за независност .

Косовскиот премиер Фатмир Сејдиу пак во своето уводно излагање во Виена истакна дека ксовските Албанци очекуваат независност на Косово до крајот на годинава . Тој предупреди дека :„ Натамошното одложување на заокружувањето на статусот на Косово не е во интерес на никого на Косово и во регионот “

Пред почетокјот на состанокот косовскиот премиер Агим Чеку истотака нагласи дека нема отстапување од ставот за независност за Косово :

За нас е тоа црвена линија под која нема да преминеме . Тука во Виена тоа уште еднаш ќе го аргументираме – истакна Чеку .

Соочени со овие тврди ставови на двете страни ниту меѓународните посредници не очекуваат многу од денешните преговори кои би требало да завршат до 17 часот . Тоа го потврди и заменикот на Ахтисари , Албер Роан во интервју за германскиот весник Зидојче цајтунг.

Тој притоа најавува дека до крајот на септември ќе биде направен биланс за досегашните преговори меѓу Белград и Приштина кој потоа ќе им биде поднесен на ОН .