1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Се’ по старо и по средбата Груевски- Црвенковски

Македонското собрание расправаше за изборот на претседател на ДИК, но не гласаше поради тоа што го немаше потребно двотретинско мнозинство. Во парламентот покрај опозиционерите ги немаше ни пратениците на ДУИ.

default

Пленарната сала на македонското Собрание

Само часови по вчерашниот неуспешен обид на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и различните лидерски толкувања на можниот расплет на политичката криза со евентуални вонредни избори, денеска во парламентот таа е драматично видлива. Во него само владејачката коалиција околу ДПМНЕ, со свесна отсутност од коалицискиот партнер ДУИ.

Само Роза Топузовска од опозицијата со барање да се одложат клучните точки за што е потребно и опозицијата да учествува.

„Останува само вашата вмровска коалиција, ги нема ниту ДУИ и останува на мускули да ги истуркате изборот на претседател на ДИК, изборниот закон и да гласате за идниот гувернер на НБМ“. Тоа беше одбиено.

Crvenkovski und Gruevski in Zagreb

Последната средба меѓу Груевски и Црвенковски заврши без позитивен исход

За Петковски средбата Црвенковски-Груевски е фарса

Спикерот Вељаноски упорно турка една огромна агенда на собраниски точки, иако во СДСМ трпеливо ќе чекаат дали Борис Кондарко како претседател на ДИК ќе биде гласан, со провокација и за ДУИ да не дојде и да не биде обезбедена двотретинска согласност.

Премиерот веднаш да свика лидерска средба на сите парламентарни партии, изјави лидерот на НСДП Тито Петковски, кој вчерашниот дијалог Груевски- Црвенковски го нарече фарса и уште коментираше:

„Се покажа дека лидерите на двете најголеми македонски партии немаат капацитет сами да ја надминат кризата и затоа премиерот веднаш да свика лидерска на сите парлементарни партии, зашто електоратот не им припаѓа само на ДПМНЕ И СДСМ“.

Петковски кажа дека владата одеднаш стана заинтересирана за сугестиите на ОБСЕ и корекциите на изборниот закон иако тие стоеја во архивите преку три години. До пред само две години Груевски им ветуваше етнички квоти на помалите заедници и 10 загарантирани мандати за следните парламентарни избори.

Mala Recica, Ort nahe Tetovo, Mazedonien

Демократската унија за интеграција незадоволна од изборот на Богов

Можна средба Груевски- Ахмети

Во СДСМ денеска го повторија ставот на својот лидер Црвенковски, кој доцна синоќа не ја затвори вратата за нов дијалог, но беше незадоволен од отпорот во Владата, кон трите приоритети – составот на гласачките одбори, обидото да се замолкнат критичките медиуми и запирање на изборна кампања со владини пари.

„Остануваме на можниот бојкот и на парлемнтот и на изборите“ се закани првиот соцјалдемократ.

За разлика од шефот на опозицискиот табор премиерот со убедување - Црвенковски се плаши од пораз и бега од вонредни избори.

„Ние ќе ги прифатиме сите нивни сугестии за изборните правила и ако потоа не се вратат во парлемнтот и без соцјалдемократите ќе организираме вонредни парламентарни избори“, возврати Груевски.

Не е исклучено да дојде до средба Груевски – Ахмети, но и меѓу коалициските партнери се продлабочува јазот, откако денеска на парламентарното свикување е ставен и изборот на нов гувернер на Народната банка вицегувернерот Богов, како предлог од шефот на државата Горге Иванов, без консултации со интегративците, кои се надеваа и на можна номинација на нивниот министер за економија Фатмир Бесими. Богов денеска со 62 гласа од пратениците беше избран за иден гувернер по истекот на мандатот на сегашниот Петар Гошев.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Симе Недевски