Се почна од Бетовен | Панорама | DW | 04.08.2005
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Се почна од Бетовен

Музичар, член на движењето на отпорот, композитор, диригент и политичар: сето тоа во себе го обединува Микис Теодоракис. Дениовиве тој го прослави својот 80-ти роденден. Незаборавни се сликите на музичарот со висок стас, кој со раширени раце го води оркестарот. ,, Тој е како орел,“ се пишуваше по неговите концерти. Микис, како што го нарекуваат во Грција, и денес делува витално, младолико и динамично. И натаму

Компоѕиторот Микис Теодоракис

Компоѕиторот Микис Теодоракис

политички раѕмислува.

,, Европа е вистинки џин. Таа е она од што Американците се плашат. Ние сме на раскрсница и мора да се одлучиме за војна или мир. Тоа денес е најголема дилема на човештвото и сите мои надежи се во крилото на Европа. Се надевам дека обичните политичари и обичните луѓе ќе го слушнат тоа,, ѕборува и денес Микис Теодоракис.

Тој е роден во 1925 година на островот Хиос, како и неговиот голем претходник, поетот Хомер. Уште од детството гледал еден филм со Бетовен.

,, Го гледав тој филм заедно со мојот татко. Бев маѓепсан,, раскажува Теодоракис. Така почнало се. Подоцна тој се запишал на студии по музика. За време на Втората светска војна, тој бил во движењето на отпорот. Конечно, за време на граѓанската војна од 1947 година до 1949 година застанал на страната на левицата. Бил во заточеништво. Сето време со себе ја носел музиката .

Како компоѕитор Теодоракис стана познат по филмот ,, Алексис Зорбас“ , на почетокот на 60-тите години, за кој што ја компонираше музиката која потоа стана некој вид тајна химна на Грција. Теодоракис не ја прекина својата политичка активност. Во периодот 1967 и 1974 година , Теодоракис повторно се вклучил во движењето на отпорот. Неколкупати бил апсен и мачен.. Од 1974 година заминал во егзил во Франција. Тука настанале и некои од неговите најубави песни, како на пример ,, Канто Генерал“ .

По обновувањето на грчката демократија, во 1974 година, Микис Теодоракис се врати во татковината. Стана пратеник на комунистите во парламентот, но во нив брзо се разочара, па премина на страната на конзервативците. Некое време беше и министер. Потоа се доближи до социјалистите. Никој не го окарактеризира како опортунист. Беше и остана искрен. Остана ,, глас на народот,, кажуваат за него денес. И сите го почитуваат.