1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се‘ почести кражби на бензин во Германија

Во цела Германија преку кражбата на бензин минатата година е направена штета од околу шест милиони евра. Според сојузната антикриминалистичка служба лани, како никогаш до сега, биле пријавени 85 илјади кражби на бензин.

Снимки од безбедносната камера на една бензинска станица во Бранденбург: човек полни туба со бензин, потоа го полни резервоарот на автомобилот и си заминува без да плати. Според сојузната антикриминалистичка служба, лани биле пријавени околу 85 илјади вакви кражби, како никогаш досега. Рекордер на неславната листа е Келн, потоа следува Висбаден. Иако сите бензински станици се надгледувани со камери.

Сунил Чандок има бензинска станица во Висбаден. Тој веќе се соочил со неколку кражби на бензин:

„Се разбира дека сум бесен, зашто тоа оди директно на мој грб. Освен тоа потоа морам да ја прегледувам снимката од камерата и да го запишувам регистарскиот број“.

Крадците се се‘ подрски. Не ги одвратуваат ниту многуте безбедносни камери на неговата бензинска станица.

Колку може, Сунил Чадок се обидува да го надгледува точењето бензин. Но, бидејќи често има турканици, кражбите често ги забележува предоцна:

„Човек не може да види, обично гледа предоцна, кога ќе влезе некој муштерија да праша зошто не може да полни на некој автомат, а тој е блокиран зашто некој наточил и избегал без да плати“.

Потрагата по крадците е отежната поради тоа што многумина од нив се со фалсификувани регистерски таблички. Речиси 80 проценти од крадците се мажи, е многу од нив не крадат првпат.

„При првата кражба кај крадецот можеби постои голема возбуда, но кога ќе забележи дека не го откриле при деликтот, дека успеал, тоа за некого станува некој вид спорт“, вели Удо Бихлер од покраинската Антикриминалистичка служба во Визбаден.

Полицијата смета дека високите цени на бензинот се причина за кражбите. Суперот чини речиси 1 евро и 80 центи, достигнува рекордни вредности. 

Крадците се досетливи. На една камера може да се види наводна жена, која е всушност маж, со перика во кражба на бензин.

Еден измамник пак наполни 18 литри супер во туба, скриена во вреќа за отпад. И покрај сите трикови, речиси секој втор крадец е фатен.

Во цела Германија преку кражбата на бензин лани е причинета штета од околу 6 милиони евра. Сунил Чандок се надева дека цените на бензинот наскоро ќе се намалат.