1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се потроши ли дипломатијата за Иран?

Големите светски сили сепак ја разгледуваат можноста за воведување на санкции за Иран. Претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Кина, Русија и Германија на вчерашната средба во Лондон, решија следната недела во ОН да се состанат и да разговараат за можните санкции.

Ќе им успее ли на Солана и Лариџани?

Ќе им успее ли на Солана и Лариџани?

„Длабоко сме разочарани од тоа што специјалниот преговарач Хавиер Солана чувме дека Иран не е подготвен да ги суспендира активностите за збогатување на ураниум. Поради тоа ќе мора да се консултираме за мерките кои треба да се преземат согласно со резолуциите на ОН,“ изјави британската министерка за надворешни работи Маргарет Бекер. Но, шефицата на британската дипломатија додаде дека меѓународнта заедница „ќе продолжи да вложува напори во пронаоѓање на решение преку преговори.“

И германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер по средбата изјави:

„Овде се усогласивме дека доколку не дојде до друга одлука во иранското раководство, тогаш не постои никаква алтернатива од таа со иранскиот конфликт да се зафати СБ.“

Поголемиот дел од состанокот се одржувал без американската државна секретарка Кондолиза Рајс, која доцнела поцеќе од два часа, поради технички проблеми на летот од Ирак. Таа по доаѓањето во Лондон изјави дека „се ближи“ моментот кога дипломатските средства ќе бидат исцрпени и кога ќе мора да се одбере патот на санкции. САД е категорична за санкции, додека Русија и Кина сметаат дека е се уште рано за тоа, и дека мора да се продолжи со преговори. Иранскиот претседател Ахмадинеџад во четвртокот изјави дека немаат намера да ја прекинат атомската програма, како и дека неговата земја нема да биде застрашена со заканите за воведување на санкции.