1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се‘ поизгледен напад врз Иран?

Во дебатата околу можноста за воен удар врз Иран, која во израелските медиуми се води со денови, се вклучи и израелскиот претседател Шимон Перес. Од атомската програма на Иран доаѓа реална опасност, смета тој.

default

Шимон Перес во Израел радо го нарекуваат „Сфинга“, зашто израелскиот претседател често дава чудни и нејасни изјави. И овојпат тој испраќа противречни сигнали. Во интервју на израелска телевизија Перес се изјасни за можен воен напад врз Иран, но предупреди и на мир:

„Во оваа пригода постои само еден совет. И во вонредни ситуации, човек треба да го зачува духовниот мир, не смее да се биде хистеричен, мора да се одмерат алтернативите, да се размислува и делува со разум и без нервоза“.

Атомското вооружување на Иран мора да биде запрено

Shimon Perez

Израелскиот претседател Шимон Перес

Перес меѓутоа предупреди дека моментот на воена интервенција се приближува. Атомското вооружување на Иран мора да биде запрено, пред да биде предоцна. Во интервјуто, кое на телевизијата беше проследено со драматична музика, Перес изјави дека атомската програма на Иран предизвикува загриженост и во многу земји во светот:

„Сметам дека тајните служби на овие држави гледаат на сказалката на часовникот и ги предупредуваат политичките раководства , но не сум сигурен во исправноста на одлуките кои тие ќе ги донесат. Се чини дека Иран е блиску до атомско оружје. Во времето кое ни преостанува, половина година, една година или нешто повеќе, морам еда им се обратиме на нациите во светот со предупредување-време е да ги исполните вашите ветувања. Одлучете дали ќе го оставите светот на цедило или не“.

Перес предупредува на израелски едностран чекор, гласи интерпретацијата на израелските новинари.

Israel Türkei Luftraum Sperrung Flugzeug Flughafen Flagge Fahne

Израелската авијација располага и со беспилотни летала

Дали постојат други мотиви?

И израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак молеше за поддршка против Техеран и отиде на разговори во Велика Британија, каде за британската телевизија изјави:

„ Иран треба да биде спречен да стане атомска сила. Можат да бидат преземени повеќе акции, ниедна опција не е одвишна. Ова е наша одамнешна позиција, во моментов нема ништо поитно и понепосредно“.

Барак во Ираел, покрај министерот за надворешни рабпти Либерман и премиерот Нетанјаху, важи за заговорник за воен удар против Иран.

Новинарот Нехемиа Страслер пак се сомнева во други мотиви настрана од загриженоста од нуклеарна закана од Техеран.

„Верувам дека постои поврзаност со дискусијата околу државниот буџет. Зашто, кога Барак последне пат се изјаснил? Во Комисијата за финансии на Кнесетот. Се работи за кратење на буџетот на министерството за одбрана од околу 200 милиони евра“.

Страслер е убеден-секогаш кога се водат разговори за намалување на воениот буџет, растат грижите од воената закана против Израел.

Автор: Бетина Маркс/ Жана Ацеска

Редактор: Симе Недевски