1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Се подготвува утрешниот избор на владата

Во пресрет на утрешниот избор на новата македонска влада, во Собранието се вршат последните координации околу настапот на пратенички групи

default

Претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски заедно со координаторите на пратеничките групи, денеска ќе го утврдат редоследот за учество во расправата на пратеници за утрешната седница за избор на влада. Почетокот на седницата е закажан за среда напладне, а треба да заврши најдоцна до четврток на полноќ со избор на владата. По изборот на Владата, премиерот до Собранието ќе ги достави имињата на замениците - министри, кои ќе се бираат на собраниска седница што ќе биде закажана за петок напладне. На седницата за избор на новата влада мандатарот Никола Груевски треба да ја образложи Програмата и Предлогот за состав на владата пред пратениците.

Автор: АТ/макфакс

Редактор: Симе Недевски