1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Се подготвуваат трупите на ОН за Либан

Распоредувањето на либанската армија во јужен Либан веќе започна. Според одлуката на владата во Бејрут тие треба да се сместат северно и јужно од реката Литани. Резолуцијата на ОН предвидува стационирање на 15 000 либански војници заедно со уште толкав број меѓународни сили кои треба да спречат нов конфликт меѓу Израел и Хезболах. Но, составот и мандатот на меѓународните трупи се уште не е познат. Јорг Каминс

Израелските сили се повлекуваат од Либан

Израелските сили се повлекуваат од Либан

ки известува

Кај некои резолуциии на ОН замката е токму во деталите. Но, најновата одлука на СБ за примирјето во Либан ги поштеди од главоболки страните во конфликтот оти многу од деталите се изоставени во текстот. Како на пример што треба да прави новата набљудувачка мисија на ОН во јужен Либан и до кога? Какви овластувања ќе имаат војниците? Нејасно е и кој ќе биде овластен да ги разјасни ваквите прашања. Под притисок на времето, неколку министри за надворешни работи се обидоа одговорот да го пронајдат на лице место. Во Бејрут работата во свои раце ја презедоа министрите на Франција, Турција, Малезија и Пакистан. Сите овие земји сакаат да испратат свои војници во мисијата во Либан. Тие од либанската влада побараа гаранции дека тампон зоната, јужно од реката Литани нема да има сили на Хезболах, бидејќи никој не сака да си ги испрати своите војници да водат герилска војска со шиитските милиции. Додуша Хезболах ја поддржа резолуцијата на ОН, но за сега е нејасно кога и дали нивните борци ќе се разоружаат.

Со вакви нејасни појдовни позиции, се повеќе земји меѓу кои и Турција и Мароко бараат нова одлука на ОН со која јасно ќе се разграничи мандатот на мисијата. Во спротивно, Мароко и Турција веќе соопштија дека нема да испратат војници.

Едно засега е јасно – ќе бидат потребни уште неколку недели додека пристигне зајакнувањето на меѓународните трупи во Либан. Но, бидејќи времето е кнап, во регионот мораше да се испрати барем либанската армија. Францускиот министер Филип Дуст Блази изјави:

„Мирот е сеуште несигурен, се додека не се стационираат и мировниците и либанските трупи. Но, подобро е да се распоредат првично припадниците на либанската армија, одлука која ја поддржа целата влада вклучително и министрите на Хезболах. Сега е исто така важно и израелската армија да се повлече“

Одлуката за стационирање на либанската армија го изненади Израел , кој најави деке ќе се повлече тогаш кога на теренот ќе дојдат меѓународните мировници. Во истовреме либанската влада стравува дека стационирањето на војниците може да предизвика граѓанска војна, бидејќи досега овој регион беше под контрола на Хезболах. Либанскиот министер за финансии Џихад Асур појасни:

„Гарантираме дека стационирањето на либанската армија на југот на земјата ќе донесе поголема безбедност за граѓаните. Нам воопшто не ни е во интерес од конфликтот меѓу Израел и Хезболах да преминеме на граѓанска војна“.

За денеска во Њујорк е закажана конференција на земјите кои најавија учество во мисијата во Либан. Франција веќе најави дека дака да ја преземе командата во новата мисија на ОН. Според пишувањата на германскиот весник „Ди Велт“ конкретни најави за учество има и од Италија, Шпанија и Финска.