1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се’ поголем број непријатели на интернетот

По повод денот против цензура на интернет објавен е список на земји што го ограничуваат пристапот до содржините на интернет. Некаде состојбата е поправена, но списокот е се’ подолг, а методите се’ порафинирани.

12-ти март е ден против цензурата на светската мрежа и Матиас Шпилкамп, член на раководството на невладината организација „Репортери без граници“, нема проблем да ги наброи двете земји каде состојбата е најлоша.

Matthias Spielkamp Vorstandsmitglied von Reporter ohne Grenzen

Матиас Шпилкамп

„Ако во моментот на врвот на списокот ги ставите Кина и Сирија, тогаш сигурно сте во право. Но, на прашањето – која земја е на трето место, тоа веќе е многу тешко“. Списокот на земји, кои според ова организација сосема сигурно ги цензурираат содржините на интернет, опфаќа дванаесет земји. Освен овие, тука се и Мијанмар, Куба, Иран, Северна Кореја, Саудиска Арабија, Туркменистан, Узбекистан и Виетнам, а од оваа година тука се и Бахреин и Белорусија.

Со тоа не се става крај на пописот. Поголем број на интернет активисти се убиени во 2011-та, меѓу другото и во Мексико или Индија. Некои земји со задоволство би го цензурирале интернетот, но немаат средства или тамошните чувари на редот не знаат како да го направат тоа. Шпилекамп тука пред се’ ги вбројува многу од земјите во Африка, на пример Зимбабве. Но, на тој континент се’ уште не е толку раширено ниту користењето на интернетот, па поголемо влијание на мислењето на јавноста имаат СМС пораките.

За некои земји не би се ни помислило

„Репортери без граници“ ги следат будно исто така и многу од земјите, каде веќе прилично јасно се наѕира како тамошните влади се обидуваат да влијаат на содржината која ќе ја примаат корисниците на светската мрежа. На таа листа на земји под контрола има и изненадувања, бидејќи освен Русија, Египет, Казахстан, Турција и Мароко, тука се наоѓаат и земји како Франција, Австралија или Јужна Кореја. Либија, пак, испадна од тој попис, бидејќи таму нема ниту влада која практично би била во состојба некого да надгледува.

Но, и оваа година Кина е на убедливото прво место по цензурата на интернет. Таму надлежните служби будно внимаваат корисниците воопшто да не можат да дојдат до некои страници на светската мрежа или во одреден дел дури можат и да ја исклучат. Тука кинеските надгледувачи на редот и поредокот стигнаа далеку.

Symbolbild Datenschutz

Интернет просторот може да се контролира со исклучување на еден негов дел

„Веќе не е потребно исклучување на целиот интернет, како што беше случај во Египет во 2011-та година“, објаснува Шпилкамп.

Ако некаде во земјата избијат немири, службите за безбедност можат целно, во само одредено подрачје, да ја успорат мрежата за практично веќе да не биде можно пренесување на фотографии, ниту снимки. Многу земји технички не се во состојба да спроведуваат такви мерки на цензура, но она што посебно ги загрижува „Репортери без граници“ е што Кина со задоволство ја извезува својата технологија за цензура на интернетот.

Зборот „world“ исчезнува од World Wied Web

За жал, таа тука не е сама. Компании од Германија, САД или Франција се подготвени да продадат програми за надзор на светската мрежа на секој кој има пари, па така и програма на германскиот Сименс заврши во Иран, за да се шпионираат корисниците на СМС пораки. За волја на вистината, постојат иницијативи за да се забрани извоз на такви програми, но теоретски тоа речиси секаде е дозволено.

Symbolbild IT-Branche Netzwerkkabel

Опремата за контролирање на комуникациите се извезува надвор од Кина, па дури и од Германија

Стручњаците за слобода на интернетот се’ повеќе ги загрижува што денес голем број земји го ограничуваат пристапот на корисниците на само локални содржини. Посебно кај видео записите тоа често се образложува со „авторски права“ или, пак, со „прилагодување“ на содржината кон корисникот лоциран во еден град или на одредено подрачје.

„Постојат различни методи, но ако на земјите им успее во тие намери, тогаш ќе се најдеме во ситуација луѓето да мислат дека се наоѓаат во светската мрежа, а во стварноста се во некаква локална, државна мрежа – која згора на се’ и се надгледува’, предупредува Матиас Шпилкамп.

Автор: Клаус Јансен / Александар Методијев

Редкатор: Жана Ацеска