1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се‘ поголем број луѓе во светот во бегство

Војните, промената на климата и гладта, минатата година предизвикаа драматичен пораст на бројот на бегалците во светски рамки.

Во 2011-та година околу 4,3 милиони луѓе биле принудени на бегство, соопшти УНЦХР; организацијата на ОН за бегалци во Женева. Ова е највисок број во последните децении, а вкупниот број бегалци се проценува на околу 42,5 милиони. Германија кај себе има прифатено над 570 илјади бегалци, повеќе отколку која било друга индустриска држава. Големите бегалски бранови лани беа предизвикани од насилството на Брегот на Слоновата Коска, во Либија, Сомалија и во Судан.

Може да се биде благодарен што меѓународниот систем за заштита на бегалците им пружа помош на луѓето и што границите остануваат отворени, изјави комесарот на ОН за бегалци, Антонио Гутереш.

Најголем дел од бегалците во 2011-та година потекнуваат од Авганистан, 2,7 милиони, од Ирак-1,4 милиони, Сомалија-1,1 милион.

Бегалците често засолниште наоѓаат во соседните држави, преминувајќи ги границите, но 3,5 милиони луѓе кои станале бегалци во 2011-та година останале во своите земји, но во други региони. Во својот извештај УНЦХР прогнозира дека бројот бегалци и натаму ќе расте.