1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Се‘ поголема понуда на дроги во светот

Продолжува глобализацијата на хероинот и канабисот. Забранетите продукти се уште подостапни преку интернет, понудата во кратко време е повеќекратно зголемена. Проблемот со дрогата стана глобален.

„Психоактивни супстанци“ - поимот им е во стручна форма познат на речиси само на медицинарите и фармацевтите. Тие, пак, во прва линија притоа помислуваат на лекови против болка, а потоа на нивна злоупотреба. Кај Вернер Зип е обратно. Тој е единствениот Германец во Меѓународниот контролен совет за дрога со седиште во Виена. Заедно со 12 свои колеги од цел свет тој редовно го анализира глобалниот развојво оваа сфера.
Вчера (05.03) нивниот извештај за 2012 година беше претставен во повеќе градови. Алармирачкиот резултат е: психоактивните супстанци низ цел свет се користат засилено. Она што во дрогашкото милје и во медиумите често се означува како „дизајн дроги“, „претставува растечка опасност за општото здравје“, истакнува Зип. За разлика од т.н. јаки дроги, како хероинот или кокаинот, новите не подлежат на никаква меѓународна контрола, а имаат слично дејство.

Crystal Meth Droge Synthetische Drogen

Расте изборот на синтетички дроги

„Отпаден производ на фармацевтската индустрија“

Забранетите производи се присутни на интернет повеќе од кога било порано, понудата за кратко време е повеќекратно зголемена.

„Во меѓувреме на пазарот има илјадници, само во Европа секоја недела се појавува една нова дрога“, вели Зип. Експертот на Меѓународниот совет за контрола на дрогите, кој порано работеше во германското министерство за здравство, од политиката бара „ефикасни превентивни стратегии“. Под ова Зип подразбира, на пример, подобро складирање, распределување и контрола на опасните супстанци, кои кај болните можат да ги ублажуваат болките, но кај здравите предизвикуваат зависност. Зип за нужно смета подобра јавна едукација, како и обука и школување на медицинскиот персонал.
Ополномоштеникот на германската влада за прашањата во врска со дрогата Мехтилд Дикманс „дизајн дрогите“ ги смета за „отпаден производ на фармацевтската индустрија. Производителите и трговците мора да бидат спречени, истакнува политичарката, дотолку повеќе што потребните закони за тоа веќе постојат.
„Но, треба да се размисли дали на иста законска казна да подлежат и консументите и зависниците“,вели Дикманс. Зависноста од дрога е болест, затоа предност треба да има принципот ’терапија наместо казна’“.

60 илјади загинати во мексиканската војна на нарко - картелите

Вернер Зип не сака да ги изнесува бројките и димензиите на глобалната злоупотреба на дрогите. Поконкретен германскиот претставник во организацијата на ОН е кога се работи за одгледувањето, транспортот и конзумот.

„Северна Америка и натаму е најголемиот илегален пазар на дроги во светот и има најголем број на загинати од дрога“.

Werner Sipp

Вернер Зип

Според проценките на ОН, од 100 смртни случаи во старосната група меѓу 15 и 64 години, пет отпаѓаат на користењето дрога. Во Мексико, соседот на САД, во минатите години во војната на нарко бандите загинале околу 60 илјади луѓе, вели Зип. Долгогодишната, во светски рамки широко распространета, поделба меѓу земјите-производители и потрошувачи, полека се губи. Се‘ почесто трговците се плаќани не во пари, туку со дрога, со што самите стануваат зависници, вели Зип, наведувајќи го примерот на Доминиканската Република.
Централно место во производството на опиум и натаму држи Авганистан, каде илегалното производство на афион пораснало за 18 проценти. Истовремено, производството на опиум паднало за 36 проценти, „поради лошото време и заболувањето на афионовите растенија“.

Патиштата на дрогата стануваат се‘ поразгранети и понепрегледни. Социјалните и политичките безредија во северна и западна Африка ги ослабеа владите во борбата против дрогите, истакнува Зип. Од тоа профитираат трговците со дрога. Рутите одат низ западна и источна Африка во правец на источна и јужна Азија.

„Од друга страна, кокаинот од јужна Америка стигнува во Европа“, дополнува Зип. Негово резиме гласи - проблемот со дрогата досега немал толкави глобални размери колку денес.