1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Се’ повеќе жртви на трговија со луѓе во ЕУ

Европска студија на која се повикува германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ утврдила раст од 18 насто на жртвите на трговија со луѓе и пад на бројот на осудени трговци со луѓе од 13 проценти.

Во Европската Унија, според извештајот на весникот „Велт ам Зонтаг“, има се‘ повеќе жртви на трговците со луѓе. Повикувајќи се на резултатите на студијата на ЕУ на оваа тема, која еврокомесарката за правда Сесилија Малмстром треба да ја претстави утре (15.04.2013) во Брисел, весникот пишува дека бројот на луѓе кои се искористувани како проститутки и принудни работници на територијата на ЕУ, значително се зголемил. Во периодот опфатен со истражувањата, од 2008 до 2010 година, забележан е пораст на жртвите на трговија со луѓе од 18 проценти, односно на повеќе од 9500 лица. Бројот на осудени трговци со луѓе се намалил на 1339, односно за 13 проценти.

Еврокомесарката Малмстром изразила голема разочараност поради ваквата состојба, наведува „Велт ам Зонтаг“. И покрај сите алармирачки тенденции, само мал број земји ги имаат спроведено новите одредби на ЕУ против трговијата со луѓе, изјавила Малмстром. Досега само пет од вкупно 27 земји-членки на ЕУ целосно ги имаат имплементирано новите мерки. И германската сојузна влада досега не успеа, препораките од Брисел да ги преточи во националното законодавство.