1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се‘ поблиску до својот сон

Kурдската милиција Пешмерга е моќна трупа, брои скоро 50.000 лица, со децении се бореше против трупите на Садам Хусеин. Подоцна стана најдоверлив сојузник на Американците во Ирак. Курдите во Ирак сонуваат за независност.

default

Припадници на Пешмерга

„Ние веќе не сме милиција, туку армија со регионални задачи. Наредбите ги добиваме од курдската влада во Ербил. Наши непријатели се терористите и приврзаниците на Садам, кои сакаат повторно да го воспостават стариот режим во Ирак“, вели бригадниот генерал Шерко Намија.

Сепак, многу набљудувачи се сомневаат дека Курдите вооружуваат сопствената армија за можна целосна независност од Ирак. Во градот Сулејманија изборната

Kurdische Panzer im Irak

Ние веќе не сме милиција, туку армија со регионални задачи, вели генералот Намија

кампања не заживеа, иако покрај двете традиционални партии на водачите на Курдите, Барзани и Талабани, за првпат настапи и партија која се залага за демократска промена. Со свеќата како симбол и мотото „Промена“, таа има намера да се бори против корупцијата и непотизмот во курдскиот регион. Но, многу гласачи не се сигурни дали нивните интереси ќе бидат доволно застапени во ирачкиот парламент. Курдите во Сулејманија се прашуваат како ќе биде по повлекувањето на Американците:

„Овде сум многу послободен отколку во Багдад. Воопшто не се осмелувам да одам во Багдад.“

„Никогаш нема да дозволиме нашата земја повторно да биде под контрола на Багдад. Конечно, ние самите го ослободивме Курдистан - пред да дојдат Американците.“

„За целосна независност би ни‘ требало поддршка од странство - пред се' од САД. Но, поддршката се' уште ја немаме.“

Северниот дел на Ирак е најбезбеден

Северниот е најбезбедниот дел од Ирак, таму досега имаше малку напади. Тоа е една од причините за економскиот бум на регионот. Во главниот град Ербил се издигнуваат трговски центри и канцелариски згради. Парите потребни за тоа се заработуваат тука, во курдските

Proteste im Nordirak

Расте нетрпеливоста на младите Курди кон централната влада во Багдад

планини. Регионалната влада енергично ја поттикнува потрагата по нафта во рамките на границите на регионот. Таа склучува договори со компаниите за нафта, што доведе до спор со Багдад. Централната ирачка влада не сака да им даде на Курдите повеќе од 17 проценти од профитот од нафта. Курдите, кои дури имаат и сопствен министер за надворешни работи, сакаат поголем дел од приходите да задржат за себе:

„Нам ни‘ требаат овие ресурси за да ја обновиме нашата земја, за изградба на станови, за здравствениот сектор, за образование и инфраструктура... Се надеваме дека по изборите сите учесници ќе извлечат поука од претходниот законодавен период и повторно ќе има подобра комуникација меѓу регионалната влада и Багдад“, вели Мустафа Фалх, министер за надворешни односи на Курдистан.

Во меѓувреме, расте нетрпеливоста на младите Курди кон централната влада. Приврзаниците на владината партија КДП во Ербил веќе бараат независност на Курдистан. Но, тоа се' уште е сон. Сепак, како што минува времето, Курдите сметаат дека се се` поблиску до остварувањето на овој сон.

Автор: Гунар Кене / Ана Стојиловска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска