1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се очекува пресуда во процесот против Брејвик

Повеќе од една година по нападите во Норвешка, во кои загинаа 77 луѓе, судот во Осло денеска треба да ја изрече пресудата против масовниот убиец Андерс Беринг Брејвик.

Не е познато дали судот ќе го прогласи 33-годишниот Брејвик за непресметлив. Доколку биде така, атентаторот би можело да не добие затворска казна, туку да биде испратен во психијатрија. Највисоката затворска казна во Норвешка е 21 година, по што би можело да се издаде наредба за продолжено затворање.

Брејвик ги изврши нападите на 22. јули 2011. година во владиниот кварт во Осло и во камп на социјалдемократската младина на островот Утоја. Тој не покажува знаци на каење. Во текот на процесот постојано се спротивставуваше на тоа да биде прогласен за непресметлив. Одбраната на Брејвик најави дека доколку судиите одлучат оти атентаторот е непресметлив, тој ќе се жали на пресудата. Потоа случајот би морало да биде повторно отворен во повисока судска инстанца.

Обвинителството бара Брејвик да биде прогласен за непресметлив. Двете вештачења направени за таа цел дадоа спротивни резултати. Многумина Норвежани посакуваат затвор за Брејвик. Неговите напади длабоко ја потресоа земјата.