1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Се очекува пресудата за Бошкоски

Во Скопје денеска треба да биде соопштена пресудата во процесот против Љубе Бошкоски. Нему му се суди за земање нелегални пари за изборна кампања.

default

Љубе Бошкоски

Денеска на пладне во Основниот суд 1 во Скопје ќе биде соопштена пресудата за Љубе Бошкоски, претседател на партијата Обединети за Македонија, кому му се суди за нелегално финансисрање на изборната кампања.

Бошкоски очекува дека ќе биде ослободен. Тој не признава дека зел пари за изборите во јуни. Судскиот процес траеше неколку месеци. За време на целиот судски процес Бошкоски молчеше. Прозборе на крајот кога завршуваше судењето. Кажа дека судењето против него е монтиран политички процес и им вети на своите симпатизери дека „Брат Љубе ќе се врати”.

Постоеше опасност процесот да заврши без сослушување на загрозениот сведок, кого МВР во последен момент го обезбеди. Токму сведочењето на овој сведок е клучниот момент во судскиот процес, бидејќи тој тврди дека на Бошкоски му давал пари за кампањата. Бошкоски и бранителите тврдеа дека загрозениот сведок бил близок пријател на Бошкоски и дека бил принуден да сведочи против него. Службена белешка од полицијата дека на Бошкоски му се даваат бележани пари во време кога е изборната кампања, беше главен аргумент на неговата одбрана дека тој бил следен и „обработуван“ спротивно на законот и процедурата.

Околу тоа како Бошкоски бил откриен дека зел нелегални пари за изборна кампања истражува и Собраниска комисија.

Автор: АТ/ макфакс

Редактор: Горан Чутаноски