1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Се очекува ослободување на преостанатите јужнокорејски заложници

*

По ослободувањето на 12 од деветнаесетте јужнокорејски заложници во Авганистан, се очекува во текот на денот на слобода да се најдат и останатите седум киднапирани. За ослободувањето на заложниците, владата во Сеул се согласи да ги повлече нејзините 200 војници од Авганистан, како што беше и планирано, до крајот на годината и да не испраќа мисионери во Авганистан. Германската влада и по ослободувањето на заложниците од Јужна Кореја не гледа причина за промена на стратегијата во напорите за ослободување на германскиот инженер кој е во раце на Талибанците.