1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

СЕ очекува од Македонија активно и ефикасно претседателство

Република Македонија денеска (11.05.10) го презема претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Eвропа. Претседавањето Македонија го наследува од Швајцарија, а по 6 месеци ќе и‘ го предаде на Турција.

default

Министрите за надворешни работи на 47-те земји членки на СЕ или нивните претставници, во предвечерјето на денешната 120-та министерска сесија на Комитетот на министрите на СЕ, на која Република Македонија го презема претседателството со Комитетот на Министрите од Швајцарија, синоќа одржаа неформална средба во Стразбур. На неа меѓу другото се разговарало и за ситуацијата на Балканот, по што се најавува декларација за ситуацијата во Босна и Херцеговина.

Досегашниот и идниот претседавач со Комитетот на министрите се очекува да повикаат на целосно почитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права и усогласување на законите на БиХ со Европската конвенција за човекови права. Оваа декларација ќе биде најверојатно и првиот политички акт на македонското претседателство со Комитетот на министрите.

Преземањето на претседателството се очекува некаде околу пладне откако шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски ќе ги претстави приоритетите на Македонското претседателство за идните шест месеци. Приоритетите, како што објасни тој за Дојче Веле се заокружени околу неколку главни полиња.

„Прво е полето на принципите и главните вредности на Советот на Европа. Тука ќе ставиме акцент на владеењето на правото, зголемување

Griechenland Stellvertretender Aussenminister Dimitris Droutsas

Димитрис Друцас со политичка декларација ќе протестира против насловот „Македонско претседателство“?

на ефикасноста на инструментите за спроведување на одлуките на Судот за човекови права, како и прашањето во однос на ромската популација во некои европски држави и меѓукултурниот дијалог во Европа. Второто поле е институционалното поле на Советот на Европа. Сметаме дека реформите во СЕ треба да започнат сериозно, чекор по чекор, со стратегиски концепт оваа институција треба да си ја поврати релевантноста која ја уживала во првите три-четири децении по основањето и која на еден начин е засенета по крајот на студената војна.“

Останатите полиња според Милошоски е подобрувањето на видливоста на СЕ на европскиот континент.

Македонија како претседавач треба да биде посебно активна на полето на заштита на малцинствата и борбата против корупцијата

Филип Боаја, генерален директор на дирекцијата за човекови права и правни прашања на Советот на Европа, се согласува со приоритетите на македонското претседателство и додава: „Се разбира има и други области во кои очекуваме интензивна активност на новото претседателство, посебно во заштитата на националните малцинства, или пак во областа на борбата против корупцијата.“

Од македонското претседателство, Советот на Европа очекува да тоа биде активно, ефикасно и да биде составен дел од приоритетите на Советот на Европа за идните години.

Од грчки извори дознаваме дека при примопредавањето на претседателството се очекува реакција од грчкиот заменикот министер за надворешни работи Димитрис Друцас, кој со политичка декларација ќе протестира против употребата на насловот „Македонско претседателство“.

За тоа дали дали проблемот со името на Македонија и именувањето на претседателството како „македонско претседателство“ може да создаде проблеми, одговорот на Генералниот директор Филип Боаја е помирувачки:

„Потребно е да се најде јазик кој им одговара на сите, без притоа да се создаваат недоразбирања и конфликти меѓу државите членки.“

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM