1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Се очекува жестока дискусија во Брисел

Косово,проширувањето на Алијансата, Авганистан и односите со Русија-овие теми се на агендата на денешниот самит на шефовите на дипломатиите на НАТО. Меѓу темите треба да се појави и грчко македонскиот проблем со името.

default

Рајс и Шефер:ќе ги усогласат ли ставовите во Алијансата?

Министрите за надворешни работи на НАТО членките синоќа во Брисел се согласија дека КФОР треба да остане на Косово и тоа со истиот број војници како досега. “Но, се уште нема согласност околу тоа како ќе се реагира во случај Приштина да прогласи независност“, соопшти белгискиот министер Карел Де Ги. Од извори во Алијансата се дознава дека министрите денеска ќе ги разгледаат сите можни сценарија за наредните месеци во Косово и ќе бараат гаранции дека НАТО силите нема да останат само неми посматрачи на евентуални насилства како што тоа им се слуќуваше во минатото. Шеснаесетте илјади трупи на КФОР кои се стационирани во покраината се подготвени да спречат насилства и евентуални конфликти, ги увери НАТО генералот Банц Кредок пред почетокот на состанокот во Алијансата. Кредок побара од земјите членки брза политичка одлука, по што воениот сојуз ќе може соодветно да реагира. КФОР е подготвен по потреба да биде засилен и со уште еден резервен германски батаљон, уште два се во состојба на готовност во Италија.
Ново предупредување од Лавров
По неуспешните преговори за Косово дојде уште една нова закана за решавањето на косовското прашање.
Sergej Lawrow Neuer Außenminister in Russland

Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни Сергеј Лавров кој исто така се очекува да дојде во Брисел, поради самитот НАТО Русија, веќе синоќа предупреди дека ќе ги блокираат разговорите за Косово, ако постојано се зборува за категорична независност како решение. Русите ги поддржуваат Србите, кои пак се залагаат за широка автономија на покраината. Русија тука ги гледа сопствените интереси. Москва стравува дека Косово ќе ги поттикне барањата за независност во Русија, како на пример во Чеченија. Русија и НАТО партнерите исто така треба да го решат проблемот по одлуката на Москва да истапи од договорот за конвенционално оружје.
Рајс и Бакојани ќе зборуваат за името
Во однос на темата проширување од извори во Алијансата се дознава и дека на земјите кандидати Македонија, Хрватска и Албанија само ќе им биде порачано дека направиле прогрес, но недоволен и дека мора забрзано да работат до самитот на алијансата во април кога треба да се донесе одлуката за покана за членство. На маргините на состанокот е најавена и средба меѓу министерките за надворешни Рајс и Бакојани. Ова е прилика Бакојани да го отвори проблемот со името, и да побара поддршка од НАТО откако неделава американскиот амбасадор во Атина им порача дека спорот е билатерален и не треба да биде пречка за приемот на Македонија во Алијансата. Дипломат од влијателна НАТО земја деновиве изјави дека решението за името не е дел од барањата наведени во Годишниот акционен план за Македонија,м но дека Грција изнела сериозни аргументи за провокации од македонска страна и врз тоа ја гради антимакедонската офанзива. Според овие најави во Брисел денеска ќе има тешки преговори по повеќе точки.