1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Се очекува гласање за новата влада

Во Белград во тек е конститутивната седница на парламентот на која најдоцна до полноќ треба да се гласа составот на новата влада. Пратениците расправаат за предлог-законот за министерствата со кој се утврдува структурата на идната влада, на што се поднесени околу 90 амандмани. По усвојувањето на законот, се очекува попладне, програмата и составот на новата влада да ги изложи кандидатот за премиер Воислав Коштуница. За изборот на новата влада се потребни најмалку 126 гласа на пратениците. За парламентот да биде до крај конституиран, пратениците треба да изберат и нов претседател на законодавниот дом, по оставката на Томислав Николиќ на таа функција.