1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Се отвора перспектива за спасување на „Опел“

Познати се првите конкретни интересенти за откуп на германскиот производител на автомобили „Опел“, кој е во сопственост на американскиот автомобилски концерн „Џенерал Моторс“, но не се сите пречекани со раширени раце.

default

Италијанскиот производител на автомобили „Фиат“ и австриско-канадскиот лиферант за автомобилската индустрија „Магна“ се првите во јавноста познати кандидати за преземање на „Опел“. Одвојувањето од „Џенерал Моторс“ веќе подолго време се наведува како единствена реална можност за опстанок на „Опел“, оти американскиот концерн е во длабока криза и штотуку ги објави плановите за повеќемесечно запирање на производството на автомобили во 13 фабрики во САД и Канада.

„Фиат“ сака да го спаси „Опел“ - или самиот себеси? Заинтересираноста на „Фиат“ предизвика поделени реакции. Синдикатот и претставниците на Советот на вработените во претпријатието се против, или во најмала рака, скептични. „Ние не го сакаме ’Фиат’ поради тоа што, како прво, сме остри меѓусебни конкуренти, второ зад нас веќе имаме болно искуство од шест години брак со ’Фиат‘, што беше скапо платено, и трето, ’Фиат‘ нема пари и сака со преземање на ’Опел‘ да дојде до пари од гаранциите од германската држава. Тие сакаат спас за себе, а не за ’Опел‘ и тоа на товар на германските даночни обврзници“,

Opelaner demonstrieren für Opel Rettung

Дел од вработените во Опел не го сакаат Фиат

конкретно го образложува противењето Клаус Франц, претседател на Централниот совет на вработените на гереманскиот производител на автомобили.

Главното страхување е дека со „Фиат“, како евентуален иден главен акционер, би биле укинати многу работни места во погоните на „Опел“ во неколку германски градови. „Фиат“ ги произведува актуелните автомобили врз платформата од моделите на „Опел“ - „корса“, поранешната „вектра“ и од поранешен модел на „Сааб“. Но, не се сите во „Опел“ против „Фиат“ како можен спасител. Претседателот на Советот на вработените од фабриката во Ајзенах е позитивно настроен и укажува дека во моментов продажбата на обете фирми оди добро и дека има место на пазарот и за едните, како и за другите.

Владата воздржана, еврокомесарот Ферхојген скептичен

Инвеститор од странство беше предуслов што го постави германската влада, пред да донесе решение за помош за „Опел“ во форма на државни гаранции во износ до три милијарди евра. Од владата велат дека ќе разговараат со сите интересенти. „Досега имаме само рудиментарни факти. Треба прво да видиме што нудат тие интересенти. Ние се’ уште немаме никаков концепт од ’Фиат‘ или од друг инвеститор и треба да се сочека“, вели сојузниот министер за стопанство, Карл-Теодор цу Гутенберг.

Скепса во однос на „Фиат“ искажа и еврокомесарот за стопанство Гинтер Ферхојген: италијанскиот концерн е

Symbolbild Fiat Opel Fusion

Фиат ќе го спасува Опел или себеси?

презадолжен, а истовремено преговара и за преземање на американскиот производител на автомобили „Крајслер“. Покрај тоа, „Фиат“ и „Опел“ се и конкуренти, образложи тој.

„Магна“ - подобра варијанта за „Опел“?

Вториот кандидат, „Магна“, е голем лиферант за автомобилската индустрија со 240 фабрики во 25 земји во светот. Од синдикатот велат дека има и други заинтересирани фирми, но не ги откриваат имињата. „Магна“ би преземала само 20 насто од акциите на „Опел“, оти не сака да се претвори од лиферант во производител на автомобили. Во тој концепт, 30 до 40 насто од акциите би преземала руската автомобилска фирма „ГАЗ“, а остатокот би го задржал „Џенерал Моторс“. Оваа комбинација, како најповолна и од интерес за трите фирми, ја протежира и реномираниот експерт за автомобилизам Фердинанд Дуденхофер, професор на универзитетот Дуизбург-Есен.

Автор: ЗЈ/НШ/дпа/ап/ројтерс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска