1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Се отвара првиот од четирите предмети вратени од Хаг

Првиот судски спор за едно од четирите досиеја за воени злосторства на поранешни припадници на ОНА ќе биде отворен кон крајот на месецов. Судската разврска на хашките досиеја почнува со случајот Маврово.

default

Судот во Скопје

Злоставувањето на градежните работници од фирмата „Маврово“ за време на воениот конфликт од 2001 година ќе биде првото судско досие кое ќе се процесуира во Скопје. Кон средината на септември неколку поранешни борци на ОНА ќе бидат обвинети за измачувањето на Македонците киднапирани на патниот правец кон Тетово, во текот на воениот конфликт во 2001 година.

Во судската сала, уредена според стандардите на Хашкиот трибунал, со преведувачи од албански на македонски јазики обратно и пред специјално обучени македонски судии и обвинители во Хашкиот трибунал, ќе се води расправа дали младите Албанци кои ги мачеле градежните работници се опфатени со колкетивната амнестија за борците на ОНА. Адвокатите на осомничените сторители тврдат дека младите Албанци, екс- припадници на ОНА се опфатени со широката амнестија.

Од овој расплет ќе зависи судбината на другите три досеја за воените злодела од 2001 година кои Хаг ги врати до македонските судови кон крајот на мината година.