1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Се одржува високата конјунктура во Германија

Колку е важно стопанството за германската влада покажува порастот на приходите од даноците. Во првото полугодие се случи првиот суфицит по цели 18 години.

default

Државната каса се полни, се намалува невработеноста!

Секоја четврта фирма во Германија има слободни работни места. Толку е силно стопанството во овој момент. Додуша, атмосферата малку се наруши поради кризата на меѓународните финансиски пазари, но ескпертите веруваат дека на германскиот пазар ќе продолжи позитивниот развој на пазарот за работа. По две години, според најновите прогнози, во земјата без работа би биле само три милиони луѓе. Томас Штраубхар, претседател на институтот за економија во Хамбург за Дојче веле коментира:

„Цел на секоја политика за вработување мора да остане намалувањето на сегашната се уште голема невработеност, посебно во сегашните добри времиња. Во наредните години дури можеме да очекуваме, невработеноста да се прибилижи кон границата од три милиони, а можеби и под неа. Тоа мора да остане главна цел„.

И тоа и во ситуација кога порастот малку како да се олади. Од 2,9 во минатата година, на 2,5 во оваа и во идната, гласат проценките. А, сепак ќе има повеќе работа со што и потрошувачката конечно ќе добие поголем залет. Зашто, колку што луѓето заработуваат повеќе пари, толку повеќе можат и да трошат.

Слични предвидувања за одржување на порастот на стопанството изнесе и Минхенскиот институт за економија. Експертот од овој институт, Гернот Нерб тврди:

„Претпоставуваме дека конјунктурниот пораст ќе продолжи. Не гледаме забрзување, но остануваме на нашата прогноза од пораст од 2,5 проценти во оваа година„.

Експертите сметаат дека кризата со недвижнини во Соединетите Американски Држави може да сопре една или друга финансиска институција, но благодарение на фактот дека пазарот за работа позитивно се развива, германското стопанство има доволно моќ за и наредниот период да се очекува со оптимизам.