1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се ниша ли тронот на Гадафи?

Во повеќе арапски земји и натаму продолжуваат протестите против раководствата на државите. Во Бахреин има неколку загинати. Во Либија опозицијата за денеска повика на „Ден на гневот“.

default

Моамер ел Гадафи

Во кралството Бахреин, при полициска интервенција против демонстрантите, загинале најмалку три лица, а повредени се повеќе од 20, јавуваат агенциите повикувајќи се на болнички извори. Демонстрантите во Бахреин го имаа заземено плоштадот во Манама два дена, а полицијата употреби гумени куршуми, солзавец и палки за да ги растера. Во Јемен, во судир на полицијата и противниците на режимот загинале две лица.

Bahrain Proteste Demonstration in Manama

Протести во Бахреин

Протести против Гадафи

Во Либија, пак, опозицијата за денеска повика на „Ден на гневот“.

Во градот Бенгази, претходно, дојде до судир меѓу демонстрантите, полицијата и приврзаниците на тоталитарниот владетел Моамер ел Гадафи. Дали неговиот трон се ниша?

Како изгледа таму може да се дознае само од учесниците и очевидците. Мала група демонстранти во пристанишниот град Бенгази извикува: „Гадафи, зошто угнетување?“. Еден од нив снима и подоцна видеото е ставено на интернет. На друг видео материјал од Бенгази се гледаат запалени автомобили и возила на полицијата кои се пробиваат низ демонстрантите со голема брзина. Експлодираат гранати со солзавец, се слушаат предупредувачки истрели. Арапската телевизија Ал Џазира имаше телефонско интервју со либискиот автор Идриз ал-Месмари, кој бил на протестите:

„Се плашам. Владата ги пушта своите тепачи против нас. Таа ги напаѓа либиските младинци со водени топови и жешка вода.“

Во меѓувреме, на интернет страницата на телевизијата стои дека Месмари по ова интервју бил уапсен.

Libyen Tripolis

Триполи-најавени протести

Повик за бунт преку интернет

Денеска во Либија, на т.н. „Ден на гневот“ демонстрантите треба повторно да излезат на улиците. На протести повикаа повеќе групи, преку интернет:

„Кренете се како нашите дедовци, како што сторија нашите соседи на запад“, се вели во видео материјал на Јутјуб.

Автор: Естер Сауб/Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска