1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се лизга ли Египет кон хаос?

Без оглед на напорите за мирно решение, Египет се‘ повеќе се придвижува кон работ на граѓанска војна. Германскиот министер за надворешни работи сведочи за многу експлозивна ситуација во земјата, во која пак има протести.

Илјадници приврзаници на сменетиот египетски претседател Мохамед Мурси се собраа денеска (02.08) на нови протести со седење на два плоштади во Каиро, барајќи негово враќање на претседателската функција. Мирните протести продолжија и покрај наредбата на полицијата за нивно прекинување.

„Дури и ако пучистите употребат тешко оружје против нас, нашиот молк ќе биде посилен од нивното тешко оружје“, изјави еден од лидерите на Муслиманското братство, Мохамед Бадија.

Тој повика на масовни протести преку кои „ќе се осуди соборувањето“ на Мурси од страна на армијата.

„Ги повикувам сите Египќани да ја продолжат борбата за слобода и правда“, нагласи Бадија.

Меѓународните организации за човекови права предупредија дека еветуалната употреба на сила од страна на полицијата за растерување на демонстрантите кои седејќи мирно протестираат, „најверојатно ќе предизвика многу жртви“.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле по политичките разговори водени вчера во Египет, е далеку попесимистички расположен отколку пред почетокот на посредничката мисија.

„Ескалацијата на насилство многу брзо може да доведе до вистинско крвопролевање“, смета Вестервеле по средбата со привремениот претседател Адли Мансур, началникот на армијата Абдел Фатах ал-Сиси и претставници на исламистите. „Ситуацијата е експлозивна и навистина многу сериозна“, изјави Вестервеле. Египет е клучна земја, она што таму се случува има непосредни последици и во Европа, како и во цел свет:

„Не можеме да ги затвораме очите“, потенцира германскиот министер. Неговата желба за средба со Мурси беше одбиена од египетското раководство. Соборениот екс-претседател се наоѓа на тајна локација.

Во протести и судири меѓу приврзаници и противници на Мурси, од неговата смена од власта на 3 јули па досега загинаа над 200 лица, од кои најголемиот број поддржувачи на исламистичкото движење Муслиманско бртатство.

Смената на Мурси од страна на армијата уследи по масовните протести на неколку милиони граѓани ширум Египет со кои се бараше негова оставка и одржување нови избори. Ваквата реакција на армијата, американскиот државен секретар Џон Кери ја оцени како мерка за „возобновување на демократијата по барање на милиони лица“.