1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Се истражува што снимила камерата на Шумахер

Француските власти ја анализираат камерата закачена на кацигата која ја носел Михаил Шумахер при несреќата на француските Алпи. Француски инспектори го испрашувале и синот на Шумахер, кој бил присутен при падот.

Schumacher-Fans zeigen Unterstützung für ihr Idol

Фановите го прожектираа на фасадата од болницата во Гернобл бројот на години кои Шумахер ги наполни вчера (3.01)

Анонимен полициски извор информира дека камерата е земена со цел да се расчистат околностите на несреќата на седумкратниот светски шампион во Формула 1. И 14-годишниот син на Шумахер, Мик, кој бил со својот татко во моментот на падот, бил испрашан од инспекторите.

Додека полицијата се обидува да ги открие причините за несреќата, која се случи на 29 декември, Шумахер и натаму лежи во кома во болницата во Гренобл. Нему вчера му беше 45-от роденден. Додека сопругата Корина, двете деца-тинејџери, таткото Ролф и братот Ралф беа крај неговиот болнички кревет, надвор од болницата се собраа бројни фанови на Шумахер. Тие го одбележаа неговиот роденден со тивко бдеење пред болницата. Настанот делумно беше организиран од Ферари, поранешниот тим на Шумахер. Фановите беа повикани да се појават пред болницата во боите на Ферари.

Schumacher-Fans zeigen Unterstützung für ihr Idol

Фановите беа облечени во боите на Ферари

На Шумахер му беа извршени две операции на главата по несреќата. Иако во моментите кога бил пренесуван со хеликоптер од местото на несреќата до болница бил во свесна состојба, кратко потоа тој падна во кома. Тоа и го попречува неговиот транспорт од болницата во Гренобл. Тој и натаму се наоѓа во стабилна, но критична состојба.