1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Се зголемува производството на органска храна

Производството на органска храна во Македонија за четири години е зголемено за 10 пати, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на отворањето на Фестивалот на органска храна во Скопје

Органското производство во Македонија станува се‘ подостапно за граѓаните и се‘ повеќе е барано и присутно во исхраната. Бројот на производители на органска храна во земјата е се‘ поголем, а се зголемуваат и субвенциите за нив. Според податоците на македонското Министерство за земјоделство, бројот на производители на органска храна минатата година достигнал 580, за разлика од пред пет години, кога имало само 150 производители. Зголемени се и сертифицираните површини од 500 на 4.700 хектари.

Граѓаните денеска (02.11.) имаа можност да ги вкусат овие производи на шестиот по ред „Фестивал на органска храна“ што го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Според него, Македонија има голем потенцијал за развој и унапредување на органското земјоделскко производство. Владината поддршка за овој вид производство ќе продолжи, како и националната кампања за значењето на органската храна, рече тој:

„Почнувајќи од 2007 година, кога беа потрошени 11 милиони денари од буџетот на Република Македонија за финансиска поддршка на органското производство, за само четири години се зголеми за 10 пати, односно се реализираа 110 милиони денари. Висината на поддршката секогаш ја одредуваме во соработка со сите форми на земјоделско здружвување и во согласно со потребите на производителите кои добиваат за 30 проценти повисоки субвенции во однос на конвенционалните производители“, истакна Димовски.

Производителите велат дека интересот на граѓаните за ваквиот вид храна е се‘ поголем. Посочуваат дека станува збор за здрава храна без додатоци. „Се‘ поголем е интересот на луѓето да купуваат овие производи, а се зголемува и потрошувачката на ваквиот вид храна. Граѓаните се‘ повеќе се едуцираат за овие производи“, изјави Кети Гешовска од „Биона“.

Органската храна е произведена од суровини кои немаат адитиви и конзерванси. Цената на овие производи е повисока затоа што се работи за здрави производи без додатоци.