1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Се зголемува бројот на жртвите во Пакистан

*

Најмалку 25 лица загинаа, а над 70 се повредени во двата бомбашки напади во пакистанскиот град Равалпинди. Експлозиите се случија кусо една по друга во различни делови на градот. Првата бомба била подметната во автобус во кој се возеле вработени на Министерството за одбрана. Втората бомба беше активирана на пазар во градот. Поради најновите напади заострена е безбедносната ситуација во поголемите градови во Пакистан.