1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Се зголемуваат разликите во развојот на регионите

Законот за рамномерен регионален развој ја обврзува Владата на Македонија да издвојува 70 милиони евра од државниот буџет само по оваа основа за регионите. Во праксата е сосема поинаку.

default

Градоначалници на општини и претседатели на советите на осумте плански развојни региони во Македонија уште во август годинава искажаа „огромно незадоволство“ поради шесткратното намалување на парите за развојни проекти во регионите за 2012 година наспрема 2009-та.

Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта изнесува: „За годинава се реализирани 300 илјади евра. Со ребалансот ги ’скинаа’ и другите средства, кои ги делеа на почетокот на усвојување на буџетот на државата. Триста илјади евра да ги поделиш на 85 општини  – тоа е ништо.“

Vasilevo in Mazedonien

Треба да се развиваат сите региони

Јорде Јаќимоски, експерт за политика на развој на селата и регионите од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања од Скопје, коментира: „Кратењето на средствата значи дека Владата полека крева раце од она што го зацртала во програмите и буџетот. Таа треба да издвојува повеќе средства, не да ги намалува. Регионалниот развој е нерамномерен. Постои закана: одредени региони нема да имаат иднина, ако не се зголеми веднаш износот за нивно закрепнување.“

Министерот Бејта се надоврзува: „Ова прашање го имам отворено два-три пати во Владата, дека треба во пракса да се реализира законот за рамномерен регионален развој, да се доделува  годишно еден процент од брутодомашниот производ на земјата за таа цел. Да не се развива само еден регион – Скопскиот, туку подеднакво сите региони. Ако нема развој на регионите, не може да има ниту децентрализација во државата. Се залагаме во новиот буџет да се делат колку што е можно повеќе пари.“

Jorde Jakimoski Institut für Soziologie und Politik in Skopje

Јорде Јаќимоски: Постои заканa одредени региони да немаат иднина, ако веднаш не добијат повеќе пари

Фатмир Изаири, градоначалник на Желино и претседател на Полошкиот плански регион, кој ги опфаќа и Тетово и Гостивар, односно вкупно девет општини, вели: „Споменатиот закон не се спроведува до крај. Во 2012 година за Желино немаме ништо. Имаше само 60-тина илјади евра за целиот Полошки регион, или 30-50 пати помалку отколку што е потребно.“

Сепак, во општините и регионите, ако не врз основа на законот за рамномерен регионален развој, тогаш преку министерствата за земјоделство, транспорт и врски, за образование и за екологија, се финансираат низа значајни проекти. Тоа го потврдува и министерот Бејта, кој вели дека не располага со информација колку пари вкупно Владата издвојува годишно за сето тоа.

„Потребни се нови гравитациони центри во регионите“

Николче Шурлиновски, градоначалник на Валандово и претходен претседател на Советот на Југоисточниот плански регион со вкупно десет општини, меѓу кои и Струмица и Радовиш, е категоричен: „Барањето на сите општини во Македонија беше да добиваме пари според законот за регионален развој и пари за проекти, кои општините ги поднесуваат до Владата. Ако се соберат

Stadt Tetovo Mazedonien

Концепцијата за полицентричен регионален развој на државата е зацртана во многу документи, стратегии и планови

парите, кои Владата ги дава за водоводи, канализации, за локални патишта, ќе се покаже дека се остварува одредбата за издвојување еден процент од брутодомашниот производ за нашиот регион. Овие пет-шест години на сите општини во земјата им се одобрени средства за многу проекти, особено во нашиот регион.“

Меѓутоа, стои и натаму фактот дека законот за рамномерен регионален развој не се користи во доволна мера како „алатка“ да се отстрани се поголемиот јаз меѓу Скопскиот и другите плански региони во земјата.

Јаќимоски посочува: „Невработеноста е двапати поголема во Североисточниот регион во однос на Скопје. Двапати е поголема нето-платата според еден вработен во Скопје наспрема Источниот регион. За да се намали несразмерноста во развојот, потребни се поттикнувачки мерки за иновативност и проекти за одржлив развој на регионите. Потребни се нови гравитациони центри за развој, да не биде тоа само Скопје.“

Концепцијата за полицентричен регионален развој на државата е зацртана во многу документи, стратегии и планови. Ако овие акти не успеат да ги сопрат сегашните трендови, тогаш Скопје ќе биде пренатрупано со население и најразлични објекти, а внатрешноста на земјата ќе биде уште попразна, без население и без стопански, општествени и други објекти од значење за регионалното живеење на граѓаните.

Поврзана содржина