1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Се зборува ли за еден ист извештај?

ЕУ-амбасадорот во Македонија Ерван Фуере денеска во Скопје ќе го презентира вчерашниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија во процесот на интеграција во ЕУ. Власта и опозицијата со спротивни гледања на оценките.

default

Амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере и македонскиот премиер Никола Груевски

Во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес беше истакнато дека земјата продолжува задоволително да ги исполнува политичките критериуми. По значајните реформи во 2009 година, забележан е натамошен прогрес, иако со нееднакво темпо, стои во извештајот на Комисијата во кој се укажува и на неколку проблематични области - пред се‘ политичките притисоци врз судството и врз слободата на изразување и информирање, потоа партизираноста на јавната администрација и меѓуетничките тензии.

Фуере-да се работи на отстранување на дефицитите

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Ерван Фуере денеска извештајот треба да го презентира на пошироката јавност, но и да им го предаде уште и на претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски, неговите заменици и координаторите на пратеничките групи како и да го образложи пред Националниот совет за евроинтеграција и собраниските комисии за надворешна политика и за европски прашања. Евроамбасадорот вчера извештајот на ЕК им го предаде на македонскиот премиер Никола Груевски и на претседателот на државата Ѓорге Иванов. Неговата првична оценка гласеше:

„ Извештајот за напредокот на Македонија претставува објективна оценка за развојот на настаните во земјата во изминатите 12 месеци. Извештајот го поздравува напредокот направен во бројни области и исто така посочува на некои области каде што е потребна дополнителна работа, а кои и се добро познати на Владата. Ја поздравувам најавата на премиерот дека се подготвува акциски план во областите каде што е потребна дополнителна работа“, рече Фуере.

Ervan Fuere, EU-Vertreter in Mazedonien

Ерван Фуере

Тој го охрабри премиерот Груевски во идејата да преземе иницијатива за вклучување на сите партии на целото граѓанско општество за фокусирање и реализација на реформите врз основа на духот на консензус.

Власта и опозицијата со различни интерпретации

Претставниците на власта и на опозицијата во Македонија пак изнесоа спротиставени согледувања за оценките на Европската комисија. Премиерот Груевски во Скопје говореше за валоризација на вложениот труд:

„Тоа е јасен доказ и валоризација на нашиот труд, посветеноста и

одговорниот пристап во реализацијата на овој висок стратешки приоритет.

Извештајот содржи голем дел позитивни оценки и препораки и дел препораки за областите каде што се потребни дополнителни напори за овозможување поконкретен напредок“ рече Груевски и најави дека Владата ќе се посвети на исполнување на сите препораки што ЕУ ги наведува во извештајот и веднаш ќе ги почне активностите за нивна реализација.

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Бранко Црвенковски пак од Берлин за Дојче Веле истакна дека најновиот извештај на ЕК претставува чекор или два назад за Македонија.

Автор: СН/АТ/миа/макфакс/дв

Редактор: Жана Ацеска