1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се‘ за побезбедна Олимпијада

Неполни две недели пред почетокот на Олимпијадата домаќините мораа да го преработат безбедносниот концепт. Ангажираната фирма Г4С се извини, мобилизирани се дополнителни 3500 војници.

Коментаторите зборуваат за најголемата безбедносна операција по Втората светска војна. Драматичните настани како оние на Олимписките игри во Минхен во 1972. година, во Лондон треба на секој начин да бидат спречени, а терористичките закани оттогаш сигурно не се помали. Се работи за гигантски ангажман, дотолку поболни се последните гафови: фирмата ангажирана за безбедноста во Лондон за време на Олимпијадата, Г4С, не можеше да обезбеди доволен цивилен персонал и покрај сметката од над 300 милиони фунти.

По повеќедневната критика фирмата сега јавно се извини:

„Длабоко сме разочарани што не сме во состојба целосно да го извршиме договорот со Олимпсикиот организациски комитет“, се вели во соопштението на шефот, Ник Баклис во Лондон. Премиерот Дејвид Камерон побара фирмата да плати за ова, а нејзиниот шеф да биде испрашан во Комисијата за внатрешни работи во Долниот дом на парламентот.

Сега мора да прискокне војската-дополнителни 3500 војници треба да ја пополнат празнината, ним им е укинат одморот. Најголем дел од нив ќе дојде од Германија. Со тоа за безбедноста на Олимписките игри ќе бидат ангажирани вкупно 17 илјади припадници на армијата, морнарицата и специјалните сили, повеќе отколку во Авганистан.

Покрај војската, за безбедноста се ангажирани повеќе од 30 илјади луѓе.

Авионите што ќе бидат закана за Олимписките игри и ќе ја доведат во опасност безбедноста на спортистите и посетителите ќе бидат соборени од британското Кралско воено воздухопловство (РАФ), објасни претставник на командата за одбрана на Лондон за време на Олимпијадата.

Ваквото предупредување доаѓа откако прексиноќа една минута по полноќ стапија во сила рестрикциите за користење на воздушниот простор над и околу Лондон, како и во реонот на југоисточна Англија, како една од виталните мерки за безбедност за Игрите.

„Зоната за забранети летови" (НФЗ) се однесува за сите видови приватни авиони и ќе биде во сила еден месец. Забранетата зона изнесува 54 километри и во неа се опфатени и сите главни лондонски аеродроми, Хитроу, Гетвик, Станстед и Лутон.

Според британските воздухопловни власти, воведени се нови, привремени коридори за приватните авиони, што ќе бидат во сила до средината на август. Во рамките на мерките за безбедност, во која е вклучена британската армија, хеликоптери се префрлени во лондонската база Норхолт, што последен пат за безбедни операции е користена во текот на Вторатата светска војна. Во оваа база веќе се стационирани и борбените авиони Тајфун. Во базата Илфорд, што е сосема блиску до Олимпискиот парк, во источен Лондон, се стационирани халикопетрите Пума со снајперисти кои ќе ја надгледуваат областа околу олимписките терени и објекти. Во естуарот на Темза вплови носачот на хеликоптери Океан, а единици на британските маринци ќе ја надгледуваат реката. Ракетите земја-воздух, што имаат витална улога за одбраната на „олимпискиот воздушен простор“ веќе се поставени на четири, од определените шест локации.

Воведувањето „зона за забранети летови“ и рестрикциите во воздушниот простор на Лондон и неговата поширока околина не се однесуваат за комерцијалните патнички авиони.